07 Мај, 2024
0.0256

Жито Маркети се прошири и во Железара

Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Жито Маркети го отвори својот нов супер маркет во населбата Железара, на улица Филип Филиповиќ 2А. На простор од 440 метри квадратни во маркетот има 3 наплатни каси и тим од 17 вработени. Како и повеќето големи маркети на Жито, овој малопродажен објект има и своја месара, пиљара и одел за печени пилиња. „Нашата компанија веќе има докажан квалитет на производите по ниски цени, а посебно задоволство ми преставува што и жителите на Железара ќе имаат шанса да се уверат во тоа. Жито Маркети ќе го направиме достапен во секое маало во Република Македонија и ќе продолжиме и понатаму да ги задоволуваме потребите и барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети. Zito Market vo n. Zelezara (1) Работното време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне. На денот на отворањето за сите присутни беа подготвени голем број подароци, промоции, попусти, продажни акции и гратис производи. Уште веднаш купувачите можеа да ја искористат лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“ и бенефициите што ги овозможува при купувањето.

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“