05 Декември, 2025
0.0450

Живеачката поскапела за речиси 5%

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2013 13:59

Добивај вести на Viber

 Цените на мало во декември се зголемени за 0,1 процент, а трошоците на живот се на исто ниво како во ноември, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со декември 2011 година, цените на мало бележат пораст од 3,9 отсто, а трошоците на животот за 4,7 проценти.

Зеленчукот во споредба со минатиот месец поскапел за 1,4 проценти, јајцата за 1,2 проценти, месото за 0,7 проценти и преработките од месо за 0,5 проценти.

Во делот на трошоците на живот, пораст има кај мебелот за 0,9 отсто, средствата за образование за 0,5 отсто, средствата за хигиена и храната и пијалакот во ресторани и хотели за 0,3 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на трошоците на животот во декември во споредба со претходниот месец има кај мастите за 5,2 проценти, овошјето за 3,7 проценти, рибата за 0,8 проценти, преработениот зеленчук за 0,4 проценти и млечните производи за 0,3 проценти. Исто така паднале цените кај течните горива и гасот за 0,5 проценти и нафтените деривати за 0,2 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во изминатата година движењето на цените на мало било различно по одделни групи на производи. Пораст е забележан во групите Непрехранбени индустриски производи за 5,8 проценти, Земјоделски производи за 3,1 проценти, Индустриско-прехранбени производи за 2,4 проценти, Услуги за 1,5  проценти и Пијалаци за 0,4 проценти.

Во поглед на трошоците на живот пораст  имало во групите Огрев и осветление за 11,1 проценти, Облека и обувки за 5,3 проценти, Сообраќајни средства и услуги за 2,8 проценти, Хигиена и здравје за 2,7 проценти, Стан (станарина, вода и услуги) за 2,5 проценти, Исхрана и Ресторани и хотели за 2,4 проценти, Култура и разонода за 1,6 проценти, Покуќнина за 0,3 проценти и Тутун и пијалаци за 0,1 проценти

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?