05 Декември, 2025
0.0852

Живна „Купи куќа, купи стан“, Владата субвенционирала кредити од 3, 5 милиони евра

Објавено во: Економија 30 Декември, 2012 16:23

Добивај вести на Viber

Се продолжува рокот за проектот „Купи куќа, купи стан“. - Следната година Министерството за финансии ќе објави четири јавни повици, така што граѓаните ќе можат да аплицираат за проектот веќе од почетокот на јануари заклучно со 31 мај 2013 година. Тие ќе можат да аплицираат за еден двата модели - модел „Половина рата“, или модел „Половина учество“, се вели во денешното соопштение од Министерството за финансии. За моделот „Половина рата“ Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99 проценти за првите три години и 5,5 проценти за четвртата и за петтата година од отплатата. За вториот модел „Половина учество“, пак Владата ќе плати 50 проценти од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени во текот на целиот период на отплата. Изминатата година Владата преку проектот „Купи куќа, купи стан“ субвенционираше станбени кредит во висина од 3,5 милиони евра, но не се соопштува за колку проекти. Грубите пресметки се дека за купување стан од 50 метри квадратни во Скопје, по цена од 900 евра за метар квадратен, на кредит од 20 години, со камата од 4,99%, потребен е кредит од 45.000 евра. Месечната рата ќе изнесува 197,82 евра. Во првите три години корисникот ќе плаќа рата од 98,91евра, а останатите ќе ги плаќа државата. Законот дозволува по три години банките да ги зголемат каматните стапки и до 10%. Токму овој момент е спорен за многу од граѓаните заинтересирани за купување стан, исто како и долгорочноста за отплаќање на кредитот, која не смее да биде помала од 20 години. Градежниците пак,тврдат дека ограничувачки фактор е условот, цената на станот да не надминува 900 евра за метар квадратен, што во старт ги кочи оние кои сакаат да купат стан во централното градско подрачје, каде што цените се повисоки Првично рокот за аплицирање за станбен кредит преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ беше до 31 декември.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?