05 Декември, 2025
0.0308

Живојно лежи на 100 милиони тони јаглен – отворање рудник дури за 2 години?!

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2013 08:32

Добивај вести на Viber

ЕЛЕМ се уште нема прецизни информации дали потенцијалната термоелектрана би се градела во Живојно или во Мариово, каде што исто така, се предвидува отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација   По едногодишно истражување ЕЛЕМ конечно ги искристализира рудните потенцијали на дел од Пелагонискиот басен-локалитетот Живојно располага со геолошки резерви од 101,6 милиони тони јаглен. Ова го покажуваат последните, ревидирани елаборати од деталните геолошки истражувања на Живојно, кои за 3,5 милиони евра ги правеше Градежниот Институт Македонија (ГИМ). И покрај оптимистичките најави за можното ископување на лигнит, со што ќе се продолжи животниот век на термоелектраната во Битола, во Државните Електрани допрва ќе одлучуваат дали и кога би се отворал рудник кај Живојно. „Истражувањата се завршени во март 2013 година, а со изработката на  Елаборати за рудните резерви и нивната ревизија се заокружи процесот на доистражување во Живојно како локација за нов рудник за јаглен, кој е неопходен за продолжување на животниот век на РЕК Битола. Ова наоѓалиште ќе биде уште еден можен рудник во Македонија каде јагленот ќе се вади со примена на подземна технологија за експлоатација. Со изработката на Главниот Рударски проект за отворање и експлоатација на јагленот од наоѓалиштето Живојно ќе се започне по завршувањето на тендерската процедура за избирање на проектантска куќа, односно во втората половина на 2013 година. Сегашните проценки се дека во овој рудник, АД ЕЛЕМ ќе инвестира околу 100 милиони евра, а реализацијата би започнала после изработката на  Главниот  Рударски проект, чија изработка би траела околу 2 години“, објаснуваат од ЕЛЕМ за Фактор. Ќе добие ли Пелагонија нова, 300 мегаватна термоелектрана?! Според досегашните анализи, од Живојно може да се ископува лигнит, чијашто калорична вредност од околу 8.000 килоџули за килограм економски е оправдана за во следните две години ЕЛЕМ да почне со јамска експлоатација на јагленот. „Најверојатно од Живојно, ќе можеме да вадиме помеѓу 2,5 милиони и 3 милиони тони јаглен годишно, што е доволно за да се отвори една нова термоелектрана со капацитет од 200 до 300 мегавати. Квалитетот на јагленот кој досега е изваден има калорична вредност поголема од јагленот што се вади од рудникот Суводол, а потоа од него се произведува струја во РЕК Битола“, изјави поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски пред една година, кога ЕЛЕМ почна да ги доистражува рудните потенцијали на локалитетот Живојно. Се уште нема прецизни информации дали потенцијалната електрана би се градела во Живојно или можеби во Мариово, каде што исто така, се предвидува отворање на рудник за јаглен со подземна експлоатација. Се проценува дека со јамската експлоатација на лигнитот Живојно ќе егзистира најмалку 20 години. Со очекуваниот ископ од околу три милиони тони јаглен најверојатно би се произвеле 2.000 гигавати струја годишно. Живојно се наоѓа на околу 30 километри од грчката граница.  Рудни резерви има-инвеститори нема! Слаб е интересот за македонските рудници. Низа пропаднати тендери и инвестиции во најава покажуваат дека рудните потенцијали на Македонија се уште се недоволно искористени. Иако Владата очекува рударството и понатаму да биде една од клучните гранки за економијата, познавачите сугерираат дека се неопходни нови, поголеми инвестиции во овој сектор. Инвеститори од Оман неколку пати до сега меркаа рудници во Прилеп и Осогово. Владата никако да најде инвеститор и за рестартирање на рудникот Тајмиште, богат со железна руда. Ако државната ЕЛЕМ се изземе од активностите во секторот рударство, за сега, локалалитетите Кадиица, Боров дол и Иловица, богати со бакарна руда, остануваат како најатрактивни за инвеститорите. К.П

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите