ЖИВОТ НА УЛИЦА: Секој заслужува шанса!
Објавено во: Економија 28 Март, 2016 07:56
Децата во Дневниот центар со согласност од родителите доаѓаат и престојуваат во него. Сепак, се случува родителите да побараат децата да одат на улица и да питачат бидејќи немаат храна во семејството или треба да исплатат некаков долг. Ваквите ситуации, велат од Центарот ги решаваат со индивидуалните разговори но и со теренски активности и родителски средби. Стручните лица работат на советодавно и стручно поле, укажуваат на пропустите во вршењето на родителското право за да се подобри однесувањето и грижата кон детето, односно да ги мотивираат повозрасните во извршување на родителските обврски и законските казни и мерки по ова прашање.
Грижата за социјалните проблеми на населението, а посебно за заштита и остварување на правата на категоријата “деца на улица” според нив е особено важна заради поголема достапност и работа со нив и нивното семејство.
“Здружението за правата на детето од своето основање во 98-та до денес укажува на потребата за заштита на правата и интересите на детето секогаш кога тоа се наоѓа во ризични ситуации. За социјална интеграција на најранливата маргинализирана група на деца и развивање на културни, социјални и други општествени вредности во сите сегменти на општественото живеење бара градење на конструктивен пристап во општествени рамки, оформување на средина и опкружување кое ги прифаќа и им дава подеднакви шанси и можности. Дневниот центар нуди можност за развивање на интелектуалните способности, здравствени и културни навики, ја следи нивната здравствена состојба и организира имунизација, им овозможува одржување на личната хигиена и заштита од секаков вид злоупотреба и насилство”- објаснува Велкоска.
Во Програмата за работа на Центарот вклучени се активности од доменот на образованието, воспитанието, здравствената заштита, културата, спортот, социјализацијата и интеграцијата во заедницата. Се вложува децата да останат во текот на денот во центарот, да добијат топол оброк, хигиенски навики, бања, чиста облека и обувки, лекови, вакцина. Се вклучуваат во интерактивна работа во совладување на образовни содржини, градење на воспитни навики, развој на нивните креативни способности. Секојдневно, објаснуваат од Центарот, се работи и со родителите.
“За совладување на тешкотиите и пречките со кои се соочуваат и на кои ќе наидат во текот на интегративниот период, а земајќи ги нивните индивидуални и семејни капацитети, се грижи стручниот тим (координатор, двајца социјални работници и психолог). Во работата се вклучуваат и волонтери, како од земјата така и од странски земји, со специјални содржини: за развој во музиката, изработување оригами, цртање, спортски активности”- вели Велкоска.
Работата на Центарот со децата и нивните семејства продолжува и откако децата ќе наполнат 18 години, за да се стекнат со знаење и различни работни вештини и занает. Дополнително им се дава помош и поддршка додека бараат работа но и по вработувањето за полесно да ги изградат социјалните и животните вештини за добра интеграција во работната средина и пошироката заедница.
“Децата веќе стекнаа навика да доаѓаат, осознаат нова, поинаква димензија на животот и да се подготват посигурно да зачекорат понатаму. Oчекуваат центарот да работи и преку викенд. Навременото напуштање на улицата, на децата им помага да ги надминат несаканите последици од претходниот начин на живеење и да имаат позитивен став спрема животот”-порачува Ирена Велкоска.
Дневниот центар е само капка во морето за помош што е потребна за овие деца. Првиот чекор велат од Центарот е секогаш најтежок, но тој е веќе направен. Од исклучително значење за оваа категорија на деца според нив е работата на Дневниот центар да продолжи за да не се изгуби ефектот на сето она што е постигнато досега и она што ќе биде предизвик во иднина за овие деца кои заслужуваат втора шанса за подобар и поубав живот.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




