01 Септември, 2024
0.0258

Живот во елитна скопска населба – City View Resort

Објавено во: Македонија 30 Април, 2013

Добивај вести на Viber

На левата страна на падините на планината Водно во еколошки чиста и незагадена околина опкружен со борова шума, на надморска височина од 600 м се наоѓа елитниот станбено-деловен комплекс City View Resort.

Скопје е премногу изградено и сеуште се гради, а со тоа се повеќе се гуши, во смисла на животен простор и потребата за чиста и здрава животна околина.  Големата густина на изградени објекти без можност за сопствен паркинг, затворен поглед од околни објекти, голема загаденост на воздухот, се помалку зелени површини, нарушен мир и тишина се доволни показатели за намалување на квалитетот на живот во градот Скопје, посебно во неговото централно подрачје.

Како што покажуваат се повеќе анализи, Скопје спаѓа на врвот на листата на најзагадени градови во Европа и во светот.

Стресниот и динамичен  живот во Скопје наложува потрага по нови локации кој нудат мирен и удобен живот  по завршувањето на работното време и затоа можеме слободно да кажеме дека помина времето кога сите сакаа да живеат во центарот на градот.

„Согледувајќи ги потребите на граѓаните цврсто бевме уверени во идејата за еден ваков поинаков концепт на модерно живеење кое нуди еден поквалитетен начин на живот задоволувајќи ги сите потреби за поквалитетен животен и работен простор. City View Resort ги нуди и задоволува сите барања на граѓаните за еден мирен и релаксиран живот блиску до центарот на градот а оддалечени од сите негови негативни влијанија“ велат од  City View Resort.

За комплексот

City View Resort претставува елитен станбено-деловен комплекс од затворен тип. Се простира на површина од 3500м2 и вкупна станбена и деловна површина од 6180м2. Располага со 68 станови од следните типови: двособни со 60 м2, трособни со 80м2 и четворособни со 120м2. Поседува 8 деловни простории како и затворен гаражен простор со место за 50 автомобили како и надворешен паркинг простор со дополнителни 20 паркинг места.

Локација Со својата уникатна местоположба на 600 метри надморска височина од левата страна на планината Водно опкружен со борова шума претставува идеално место за живеење во комбинација на природно чиста и еколошка околина и близината на која се наоѓа од централното градско подрачје. Предноста која ја нуди со својот свеж и чист воздух без градски загадувања и магла, температурна разлика од 4-5 С° пониска од центарот на градот во летниот период, мир и тишина, интимност, како и прекрасниот поглед на градот Скопје претставува незаборавно уживање. Архитектонско решение Во состав на комплексот влегуваат две згради, секоја со по три влеза. Во секој влез има по два стана на спрат со што е запазен мирот поради малата фрекфенција на луѓе на спратовите. Секој влез има хидрауличен безшумен лифт со 6 нивоа, од гаражниот простор до поткровјето на објектот. Со тоа се овозможува на жителите да бидат заштитени од неповолните надворешни влијанија како дожд, снег или високи температури. Распоредот на становите во комплексот овозможува непречено уживање во текот на целиот ден. Поставеноста на дневниот простор на секој стан е кон градот Скопје а погледот од терасите нуди незаборавно уживање со утринско кафе на изгрејсонце или касно попладневно уживање со залезот на сонцето. Спалните се наоѓаат на задната страна која е ориентирана кон боровата шума а воедно се одделени од дневниот простор со ходник со што би се задржал мирот и тишината. Трособните станови поседуваат и лоѓија (utility) каде се сместени бојлерот и инсталациите за машина за перење и сушење со што во купатилото се добива поголем простор за сопствено уредување. Партерно уредување Партерното уредување овозможува утрински, дневни или вечерни прошетки. Опремено со жардињери, клупи за седење, корпи за отпадоци, игралиште за деца со лулашки и дискретно ноќно осветлување, претставува идеално место за релаксација и дружење. Исто така покрај природното зеленило кое се наоѓа околу комплексот надополнет е со 5 жардињери, тревни површини и засадени 240 борови растенија. Деловни простории Комплексот располага со 8 деловни простории во кој е предвидено да има супермаркет, кафе бар, банка, детска градинка, фитнес центар и др. со цел да се задоволат сите потреби на станарите од овој комплекс. Забава и рекреација За потполно уживање и искористување на слободното време се нудат повеќе активности како дружење во кафе бар, прошетка, фитнес центар, игралиште за најмладите, пешачење и трчање, планинарење, велосипедзам и сл.

Сите параметри за поквалитетен живот укажуваат дека условите за живот кој ги нуди City View Resort се водечки и уникатни во Скопје и регионот.

Живеење во елитни населби

Живеењето во елитни станбени населби подалеку од градот повеќе не претставува мода туку потреба.

„Тоа го покажува и трендот на изградба на вакви населби, а наше задоволство е да се пофалиме дека сме едни од пионерите во градба на вакви објекти“ потенцираат од City View Resort .

Во градот постојат се помалку локации кои можат да им понудат на жителите поквалитетно елитно живеење. Како локација, падините на планината водно нудат најдобри услови за таков живот, поради близината со централното градско подрачје како и поради чистата околина, свежиот и чист воздух и погледот на градот. Но во одредени локации и тука доаѓа до преголема концентрација на изградени објекти со што се губи концептот на елитно живеење во чиста и мирна околина.

Затоа како локација да се биде блиску до централното градско подрачје, а да се почуствуваат благодетите на природата (чист воздух, мир, тишина, интимност, зелени површини), воедно и со сите услови за елитно живеење претставува левата страна на планината Водно.

Сето тоа го укажува и проектот за новата населба Сончев град која е во близина комплексот на City View Resort.

„Во западниот свет ваквите елитни станбени комплекси спаѓаат меѓу најбараните и најскапите. Затоа нас не радува што се повеќе се препознава ваквиот начин на живеење а веќе новите сопственици со нетрпение чекаат да се вселат во комплексот“ велат од City View Resort.

Со изградбата на новиот пат од панорама до Сопиште растојанието од комплексот City View Resort до центарот на градот се сведува на само 4 км,  а со тоа се добива брз пристап до деловниот центар, клиничкиот центар, елитни училишта и градинки и сл.

„Сите предности кој ги нуди овој дел на Скопје како самата побарувачка за живеење во елитни населби како и во нашиот станбено-деловен комплекс и развојот на новопроектираната населба Сончев град укажува дека цената во овој дел од Скопје ќе има тенденција на пораст“, сметаат во компанијата.

Можеби ќе ве интересира

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

ПРОЛЕТНИОТ РАСПУСТ СЕ УКИНУВА: Утре почнува новата учебна година

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

НОВ СЛУЧАЈ: Работници од Бангладеш исчезнале во тетовско

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

„Вреди“: Иницијативата за интерпелација на Гаши е обид за дестабилизација

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

(ВИДЕО) ЛЕФКОВ: Бисера со службена картичка купила два авионски билети за Лондон, а потоа не заминала на пат

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

АКТИВНИ СЕ ЧЕТИРИ ПОЖАРИ: Гори кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ИНТЕРВЈУ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ИГОР ФИЛКОВ: Секој што злоупотребил функција нема да остане неказнет, и за тоа ќе најдеме соодветно решение

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

ФИЛИПЧЕ: Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

НЕВЕНЧАНАТА СОПРУГА МУ ГО ОШТЕТИЛА ВОЗИЛОТО: Неготинчанец пријавил во полиција

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка

АПАСИЕВ ГИ СПОРЕДИ ИЗЈАВИТЕ ШАЌИРИ И ВЕСНА ЈАНЕВСКА: Се однесуваат на албанската паралелка во Чашка