Живот во најлоша економија во светот – спијат на нафта а чекаат Бог да ги спаси
Објавено во: Анализа 25 Февруари, 2015 10:20
Според претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој го наследи пред две години претседателот Хуго Чавез, подраматичниот недостиг на стоки се должи на обидите на големиот капитал да ја собори владата. Шефови на компании, шпекуланти, опозициски лидери се здружија според властите, за да ја задушат земјата, та потоа полесно да им падне во рацете. Сето ова се случувало со поддршката на Вашингтон, кој се обидувал да ја спроведе повторно политиката, тестирана во времето на Салвадор Аљенде во Чиле во 1973 година. Минатата недела, меѓу другото впрочем, властите објавија дека спречиле обид за воен удар. Навистина не треба да се исклучува варијантата дека некои нечесни шефови се обидуваат да ја искористат ситуацијата за да добијат пари. Но не треба човек да си замислува дека има некаков заговор, за да разбере како Венецуела стигнала до оваа ситуација.
Кога дојде на власт во 1999 година, Хуго Чавез имаше намера да го изгради социјализмот на 21 век. Со парите од нафтата, кои се издуваа во првата деценија на 21 век, тој финансираше великодушни социјални мерки - бесплатен ручек во училиштата, речиси тројно зголемување на луѓето кои имаат право на пензии и помош при инвалидност, изградба на социјални станови. Чавез ги национализираше банките, дистрибутивните мрежи, компании за цемент, металуршки компании. Во средината на првата деценија на 21 век буџетскиот дефицит почна да расте. Од 2010 година тој надмина 10% од БДП. Владата ја продолжува социјалната политика, но на друг начин. За да ги заштити сиромашните, тогаш ги замрзна цените на многу производи. Така се дојде до вистински процут на црниот пазар, во самата земја и во трговските врски со соседите на Венецуела, особено со Колумбија. Потоа постепено исчезнаа локалните производители. Конечно дојде до неумоливо неконтролирана сиромаштија.
Падот на цените на нафтата, кој сочинува 96% од извозот на земјата, ја влоши уште повеќе ситуацијата.
Владата отпечати пари, тоа ја потхрани инфлацијата и таа стана највисоката во светот (68% во 2014 година) Буџетскиот дефицит е оценуван од Меѓународниот монетарен фонд на 14% за минатата година, но експертите сметаат дека тој е поблиску до 20 %, што доведува до уште еден светски рекорд. Инвеститорите стравуваат од банкрот. Земјата има малку над 20 милијарди долари резерви, но кон крајот на минатата година таа мораше да плаќа 9 милијарди долари долгови. Сиромаштијата се зголемува, а едно време славата на претходниот претседател Хуго Чавез се должеше токму на тоа дека во неговото време сиромаштијата неспорно беше намалена. Нафтата пак долго време ќе остане под земја или под вода, бидејќи националната компанија PDVSA нема скршена пара за инвестиции.
Ужасниот пропаст на Венецуела покажува дека економската политика е важна. Дека социјалистичкиот романтизам во 21 век е толку катастрофален, како што беше и во 20 век. Дека пазарната економија и покрај сите дефекти е едно неверојатно средство за обезбедување на средства. Дека цената е значаен индикатор кој не може да се манипулира неказнето. Државата треба да ги контролира своите сметки, ако сака да се зацари трајно еднаквоста. Дали спасението за Венецуела ќе дојде од небото? Така барем верува претседателот Николас Мадуро. Минатиот месец тој се обиде да ги смири пратениците за проблемите предизвикани од падот на приходите од извозот на стоки со зборовите: "Бог ќе го направи неопходното и ние ќе ги добиеме парите, кои ни се потребни за да оди напред нашата земја."
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





