Зибери: Во Чаир има 169 активни случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 08 Јуни, 2020
Директорот на Центарот за јавно здравје - Скопје, д-р Арбен Зибери денеска на прес - конференција изјави дека oние кои се позитивни и се без симптоми, се лекуваат дома, а оние кои имаат лесна слика, или се лекуваат дома, или се хоспитализираат.
Во Чаир има 169 активни случаи, односно најмногу. Понатаму, голем е бројот на заразени во Бутел, Сарај, Арачиново.
60 отсто од вкупниот број на заразени во Скопје се асиптоматски.
„Затоа треба да бидеме многу внимателни, затоа што има многу асимптоматски кои ја шират болеста“, вели Зибери.
Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица.
Рече дека ако не ги почитуваме мерките, само ќе ја одолговлекуваме пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.