ЗИМАТА Е ПЕРИОД СО ГОЛЕМ БРОЈ СЛАВИ: Како се славело некогаш, а како денес?

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2024 07:33
Верниците ги прават последните подготовки за одбележување на Свети Никола, но и самото славење низ годините претрпело некои промени.
За ова сведочат етнолозите, кои ги евидентирале промените во начинот на славење. За Свети Никола на трпезата ќе има посно гравче, сарма, баклава, посни колачи, риба и слично. Во минатото, домаќините ги пречекувале гостите со храната која ја имале дома, а денес луѓето можат да си дозволат да имаат побогата софра.
„Општо, славите се славеле во зимскиот период, затоа што тогаш биле слободни луѓето, не работеле на нива. Почнувајќи од Митровден, Архангел Михаил, тие се слават како куќни слави и Свети Никола, која ја слават и како именден. Во минатото се славело со тоа што имале дома, со туршија, со суво, сирово месо, а од благо, правеле домашни посни колачи со пиво, за посните слави. Секое маало, си има своја слава, селска слава. Таа селска слава се слави во целото село, и тоа обично се Спасовден, Илинден, за заштита на стоката, и затоа ја славеле, ако се случи немил настан. Илиден се слави за заштита од громови“, вели Наталија Милковска, етнолог во Градскиот музеј во Крива Паланка.
Таа објаснува дека за време на короната се сменија работите, но сега состојбата се нормализира.
„Сега на масите има сè и сешто. Дури има и ситуации кога не се почитува правилото на посна храна. Сега славењето е модернизирано и зависи од луѓето. Некаде дури и шведски маси ставаат, или во ресторан слават слава, за да не мијат садови, да не чистат дома, така им е полесно. Кој си има финансии, тоа може да си го дозволи. Битни се колачот, пченицата, се носат во црква и се осветуваат и плус едно лепче кое го јадат сите дома. На Варвара се вари пченица, пченка, леќа за да има плодност во годината, тој ден се јадат зрнести култури. Сега се канат гости за слава, а претходно не било така. Сега ако не ме повикаат на слава, нема да отидам затоа што можеби некој не планира да слави оваа година“, објаснува Милковска.
Но, оние граѓани кои не можат да си дозволат поголем трошок и не се во можност да пречекаат повеќе гости, практикуваат да го осветат славскиот колач во црква и да подготват семеен ручек. Св. Никола, кој на 19 декември се празнува и е познат како зимен, е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците…
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
„СЕ ОДЈАВИ НАШИОТ БРАТ ДИМИТАР“: Ленин Јовановски сподели тажна вест 'многу ќе ни недостасува'

ИСПЛАТА НА ПЛАТА ДО 5-ти ВО МЕСЕЦОТ И ПОГОЛЕМО ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО - нови предлози на Левица во Собранието

„ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО АПРИЛ МОРА ДА ИМА“ - НСП не отстапува од барањата

ВОЗИ ВО СПРОТИВНА НАСОКА И ПОМИНУВА НА ЦРВЕН СЕМАФОР - уште еден во низата примери на сообраќајна некултура

„НЕМА НИВНИ ИЛИ ВАШИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ“: жестока реакција по партиските препукувања

„СВЕСНО КРИЕЛА ИНФОРМАЦИИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ МАСАКР“: Левица бара оставка од директорката на Инспекторатот за животна средина

НЕСТАБИЛНО И ВРНЕЖЛИВО СЕ ДО ЧЕТВРТОК - Синопитичарите најавуваат многу дожд, предупредуваат и на опасност од поплави

Независен советник ќе биде нов градоначалник на Кочани?

ДВА МЕСЕЦИ ОТКАКО ИСЧЕЗНА: Блиските и натаму молат да се пронајде Миле Тодоров
