Жител на Фурка загина кај селото Николиќ
Објавено во: Македонија 28 Октомври, 2016
41 годишниот Д:А. синоќа во 23.40 часот загина во сообраќајна несреќа на патот Нов Дојран – Валандово, кај селото Николиќ.
Тој со автомобил „голф 3“ удрил во камион со полуприколка, со кој управувал 61-годишниот А.М.од Стојаково.
Возачот кој е од селото Фурка, дојранско, починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош.