18 Декември, 2025
0.0401

„Жито Лукс“ со најголем профит во десет години! Колкава е добивката?

Објавено во: Економија 21 Март, 2024 14:11

Добивај вести на Viber

Дваесет милиони евра годишен приход од леб, пецива и брашно е голема работа за македонскиот пазар. А при тоа и најголема добивка во период од десет години. Ќе му тргне ли конечно на гигантот „Жито Лукс“? Компанијата е позната и призната по иновациите во својата палета лебови и постојаната грижа за потрошувачите

„Жито Лукс“, најголемата компанија за производство на леб и пецива во земјава, ја имаше најуспешната година во своето работење во последните десет години, покажува споредбата на резултатите од работењето во периодот 2014 – 2023 година.

Минатата година „Жито Лукс“ ја заврши со добивка од 404.000 евра што претставува најголем годишен профит во последните 10 години. Воедно рекордната добивка на „Жито Лукс“ доаѓа по двегодишен пост во кој компанија работеше со загуба од кумулативни 421.000 евра.

Втората најголема добивка во оваа десетлетка „Жито Лукс“ ја книжел во 2020 година и таа изнесувала 110.000 евра. Во периодот од 2014 па до 2022 година таа била и најуспешната година на оваа голема компанија која е најголем снабдувач со леб со скопскиот регион кој пак е најголемо конзумно подрачје во Македонија.

Во периодот од 2014 до 2023 година оваа компанија со добивка завршила четири години, а во шест години книжела загуби од работењето.

Овој финансиски резултат треба позитивно да влијае и врз акцијата на „Жито Лукс“ која веќе некое време наназад е како подзаборавена и ретко се тргува.

Она што вреди да се истакне од работењето на „Жито Лукс“ лани е дека компанијата има палета нови производи и дека го задржа нивото на приход од 20 милиони евра. А тоа е речиси идентично како и во претхоната година. Повеќе од 90 отсто од продажбата ја реализира на домашниот пазар и тука пазарното учество е идентично како и во 2022 година.

Вреди да се истакне дека оперативната добивка лани е пет пати повисока во споредба со 2022 година. Изнесувала над 660.000 евра и само заради финансиските расходи е намалена на 421.000 евра.

Според билансот на состојба компанијата лани ја зголемила вредноста на недвижниот и на движниот имот за 2,5 милиони евра. Обврските се намалени за речиси 1,2 милиони евра и на крајот на 2023 година нивната вредност изнесува нешто над 9 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?