20 Април, 2024
0.0273

ЖИВОТ СО 14.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО - колкумина ќе се офајдат од новата минимална плата

Објавено во: Економија 17 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Нормално е платите на работниците да се зголемуваат, бидејќи постојано растат трошоците на живот и минималната кошничка, но тоа треба да биде природен процес кој нема да биде наметнат преку ноќ, туку на бизнисот ќе му се остави време за адаптација.

Ова е ставот на дел од претставниците на текстилната индустрија, откако Владата, коморите и синдикатот вчера си подадоа рака минималната плата од декември годинава да се зголеми на 14.500 денари.

Ирена Јакимовска, сопственичка на текстилната компанија „Комфи Ангел“ за Фактор вели дека мерката за зголемување на минималната плата, генерално е позитивна.

„Дури и Владата да не го направеше тоа, ние сами, како стопанственици, требаше да ја зголемиме минималната плата и да се бориме за раст на животниот стандард. Жално е да зборуваме за тоа дека некој терба месечно да живее со 14.500 денари. Погледнете колку се зголемени животните трошоци и минималната кошничка. Многу нормално е платите да растат и да го следат тој раст на трошоците, тоа е еден природен процес“, вели Јакимовска.

Но, нагласува, забелешка на оваа мерка е што ќе стартува од декември, што значи дека зголемениот трошок за повисоките плати ќе мора да се книжи уште од оваа фискална година. Тоа ќе доведе кај фирмите до дисбаланс на приходите и на расходите, како и на профитот.

„Затоа беше подобро да стартува од први јануари следната година, со цел фирмите навреме да се адаптираат и да ги преструктуираат своите буџети. Така ќе имаа повеќе време и да намалат од некои свои други трошоци, со цел да се искомпензира делот за зголемената плата. Единствено ова е негативната страна“, вели Јакимовска.

Инаку, за разлика од претходното зголемување на минималната плата кое Владата го проследи со конкретни субвенции, за ова најновото се предвидени само субвенциите со Законот за покривање на придонесите, кој влегува во сила од ноември, и ќе важи за сите газди што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Практично, ова е единствената помош што државата ќе им ја даде на фирмите за да ја зголемат минималната плата.

Но, стопанствениците велат дека власта може да им помогне и на друг начин, а тоа е ако на пример, им ги намали парафискалните давачки на кои се изложени, или, пак, намалување на царинските давачки и израмнување со европските, што ќе овозможи повеќе средства да се насочат за зголемување на платите на работниците.

Инаку, личен став на Јакимовска е дека растот на платите мора да биде природен процес. Работната сила, нгласува, е само еден сегмент од целиот производ, а тој се состои и од многу други различни елементи, како што се репроматеријали, енергија и додадена вредност.

Она што е интересно, е што власта се уште не излегува со прецизна бројка колку всушност работници ќе се офајдат од зголемената минимална плата. Станува збор за работниците кои сега земаат меѓу 12.507 денари колку што изнесува сегашниот минималец, па се до оние што се некаде под нивото на новата минимална плата, и кај кои од декември ќе мора да се направат нагорни корекции. Сегашната минимална плата ја добиваат околу 100 илјади граѓани.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пак, вели дека мерката за зголемување на минималната плата е добро одмерена и договорена со сите социјални партнери. 

„Секоја држава како заштитен механизам воведува минимална плата. Во нашата држава, минималната плата не се разликува многу од минималните плати во околината. Но, од друга страна мора да се заштитат сите оние кои немаат избор во работата, а реалната состојба на терен е дека таа минимална плата практично е мала за работниците кои имаат капацитет да понудат знаење. Реалната состојба е дека работници за индустријата нема. Сите индустриски капацитети имаат проблем со наоѓање на работна сила така што цениме дека мерката е добро одмерена“, објасни вицепремиерот за економски прашања.

Светската банка, пак, неодамна предупреди дека зголемувањето на минималната плата треба да биде проследено и со пораст на продуктивноста, во спротивно, може да се загрози конкурентноста на економијата.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите