Златен план за ЕУ, дали ќе успее?
Објавено во: Анализа 08 Февруари, 2015 11:06
Ниските глобални цени на нафтата се „златна шанса“ за Европската унија да разработи план за формирање на енергетска унија, со цел да ја намали енергетската зависност од Русија.
Ова го изјавил потпретседателот на Европската комисија, комесарот за енергетика, Марош Шефовиќ на конференцијата за медиуми во престолнината Летонија.
„Треба да го искористиме овој период со ниските цени на нафтата и гасот како златна шанса за измена на нашите енергетски политики“, рекол комесарот, додавајќи дека Комисијата до крајот на месецот ќе изнесе нови предлози на тоа поле, пренесува Франс прес.
Планот на комисјата вклучува пет „столбови“ на енергетска политика во 28 земји на ЕУ: намалување на емисијата на штетни гасови, вложување во технологија, унапредување на енергетската ефикасност, развој на единствен енергетски пазар и диверзификација на достава на енергијата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





