05 Декември, 2025
0.0342

Златните резерви на Централната Швајцарска банка го зголемија нејзиниот профит

Објавено во: Економија 01 Ноември, 2012 11:56

Добивај вести на Viber

Благодарение на зголемените резерви на злато и девизи, Централната банка на Швајцарија соопшти денеска дека во првите девет месеци од годината остварила речиси трипати поголем профит во однос на истиот период минатата година. Овие бројки овозможуваат увид во обемот и резултатот на стратегијата на банката за одржување на конкурентноста на швајцарските извозници и туристичката индустрија пред налетот на средства од странство, од инвеститори кои бараат сигурно засолниште од кризата. Банката спроведува стратегија на интервенција на пазарот поради спречување на раст на вредноста на швајцарскиот франк. Според соопштението на Швајцарската национална банка во девет месеци заклучно со септември е остварено консолидиран профит од 16,9 милијарди франци, наспроти 5,9 милијарди франци за истиот период минатата година. Резервите на злато во СНБ истовремено се зголемени за 6,2 милијарди франци или 24 проценти, додека девизните резерви се зголемени на речиси 10,3 милијарди франци од само 322 милиони франци, наведува Банката. СНБ во првите девет месеци од годината во работењето со домашната валута остварила профит од 94,1 милиони франци, во однос на загубата од 147,5 милиони франци минатата година. Промената во работните резултати е поврзано со значителното зајакнување на швајцарскиот франк во текот на 2011 година, што ја принуди СНБ во септември минатата година да ја одреди горната граница на вредноста на домашната валута на 1,20 франци во однос на еврото. Со продлабочувањето на должничката криза во еврозоната банката беше принудена да купува големи износи на евра со цел да ја задржи вредноста на франкот на посакуваното ниво. Како последица на ваквата политика од почетокот на годината билансот на СНБ е зголемен од 158 милијарди франци на 509 милијарди франци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен