19 Декември, 2025
0.0373

ЗЛАТО: Русите најголеми купувачи, Турците го распродаваат

Објавено во: Економија 30 Март, 2016 10:53

Добивај вести на Viber

Централната банка на Русија во февруари купила 356 000 унци злато, со што станала најголем купувач на тој драгоцен метал меѓу централните банки во светот.

Руските девизни резерви минатата недела се зголемени за додатни 5,8 милијарди долари, на 386,9 милијарди долари, пишуваат руски медиуми повикувајќи се на податоците од ММФ.

Меѓународните резерви на Русија се, како што наведува Раша тудеј, состојат од странски валути, специјални права на повлекување и резервни позции кај ММФ и монетарното злато.

Вицегувернерот на руската централна банка Дмитриј Тулин во јуни лани изјави дека централната банка планира да ги зголеми меѓународните резерви на 500 милијарди долари во период од три до пет години.

Во ноември 2014 година, централната банка премина на движечки девизен курс и почна да ги зголемува резервите кои во почетокот на 2015 година достигнале 510,5 милијарди , наведва РТ.

ММФ уште не ја вклучи Кина во статистичките податоци за февруари, но кинеската централна банка извести дека минатиот месец купила 320 000 унци злато.

Најголем продавач на злато била Турција, која продала околу 1,2 милиони унци, што е еднакво на седум одсто од вкупните златни резерви.

Канада, која е меѓу водечките десет светски произведувачи на злато, ги продала сите свои резерви , задржувајќи симболични 100 унци злато.

Портпаролот на канадското министерство за финансии Дејвид Барнабе изјави во февруари дека канадската влада донела одлука да го диверзификува своето портфолио и да го продаде златото.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар