ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?
Објавено во: Економија 04 Јули, 2024
Цените на златото глобално се зголемија за 12 отсто од почетокот на годината.
Светскиот совет за злато не ја исклучува можноста дека цената и оваа година ќе расте. Цената на златото од почетокот на годината неколкупати уриваше рекорди, од средината на март до средината на мај, а во вториот квартал на 2024 година унца злато најмногу се продаваше за повеќе од 2.300 долари.
Светскиот совет за злато соопшти дека растот на цената на златото е поттикнат од интересот на централните банки, азиските инвестициски текови и геополитичките тензии.
Глобалната економија покажува колебливи показатели за раст и се бори со пониска, но сепак непријатна инфлација.
„Се чини дека светската економија, како и златото, очекува одреден импулс“, велат од Светскиот совет за злато.
И среброто оваа година имаше извесен раст.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.