ЗНАЧИТЕЛНО ПОЕФТИН: Укинување на роамингот во ЕУ во последна фаза
Објавено во: Балкан 02 Октомври, 2015 13:32
Советот на Европската унија го одобри укинувањето на роаминг трошоците од средината на 2017-та година.
Новиот закон исто така вклучува одредби за заштита на отворениот интернет пристап, соопшти прес центарот на институцијата.
Се очекува Европскиот парламент да го одобри текстот на пленарната сесија овој месец, и со тоа ќе се стави крај на законодавната постапка. Новиот закон ќе стапи во сила, најверојатно во ноември. Претходно оваа година беше постигнат договорот помеѓу европските институции за укинување на роамингот. Надоместоците ќе почнат да се намалуваат на 15-ти јуни 2017 година, што според Еврокомисијата „ќе им овозможи на корисниците да плаќаат една и иста такса за телефонски разговори и интернет пристап, како дома, така и кога патуваат во ЕУ“.
Според ЕК, уште во април 2016 г роамингот ќе биде опипливо поевтин, бидејќи операторите ќе можат да додадат само мал додаток на нормалните цени за корисниците кои ги користат нивните услуги во странство: 0.05 евра за минута за порака, 0.02 евра за испратен SMS и 0,05 евра за користен мегабајт податоци.
Втората цел утврдена во регулирањето е заштита на пристапот на Европејците до интернет. Тоа значи воведување на принципот на неутралност во европското законодавство.
„Потрошувачите ќе можат слободно да пристапуваат до содржините по свој избор и нема да бидат неправедно блокирани. Платени приоритетни сметки нема да бидат дозволени“, пишува Комисијата. T.e. Еврокомисијата предвидела забрана за големите компании да добиваат брз сообраќај на веб-сајтовите од помалите.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




