Знае што сака и не е пребирлива: Стилистот на Зорица Заева искрено за Фактор
Објавено во: Стил 05 Април, 2019
За неа се знае дека црната коса и црвениот кармин и се заштитен знак. Низ годините не ја менува бојата на косата, но за тоа како е средена за која било прилика Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, за Фактор зборува нејзиниот стилист од Струмица Драган Гоцев Даци. Вели дека Заева сака секојдневно да и биде уредно средена косата, но дека и покрај сугестиите останала доследна на црната боја, која пак, вели Даци, каратеризира моќ, авторитет, доминантност. Но, каква шминка преферира Заева, дали е пребирлива? Даци вели дека била едноставна, а се средувала во зависност од приликите.
„Се облекува така како што се чувствува, обожава исчистени линии, едноставна е, но и според тоа каков стајлинг и наметнува настанот на којшто треба да се појави, вели стилистот.
Тврди дека новата улога, како жена на премиер не смениле многу во барањата на Заева, за која вели дека е скромна. Преферилала смирени тонови, модерни, но никако кичести.
„Работам со Зорица уште пред да стане жена на премиер, во текот на сите овие години гледам една иста личност, односно жена која се нема променето според функциите, личност која е страсно едноставна и позитивна, забавна и личност која секогаш знае што сака.Нејзиниот стил е доста препознатлив карактеризиран со темни „smokey eyes“, најчесто црвен кармин и црна секогаш уредна коса, раскажува Гоцев.
Неколку години наназад тој како стилист се грижи за нејзиниот изглед и долгогодишната нивна соработка вродила со цврсто и отворено пријателство.
„Нашето константо работење , веќе 6 години не направи блиски пријатели. Зорица била секогаш овде со мене од моите почетоци и личност која никогаш не ја изневери мојата доверба како пријател. Човек пред се, без разлика на тоа што е Заева, вели тој.
Лично ја смета за голем хуманист и човек со карактер. Таа е прилагодлива но има свој став. За жените што сакаат повеќе да експериментираат, Гоцев препорачува потскартување на косата и освежување со модерните хајлајт прамени. Секако на дамите им порачува во летниот период, преку ден да избегнуваат тешки контури односно да бидат поприродни и со минимални нагласувања на очите.
Н.М.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.