Знаете ли кој е вистинскиот клуч за долг живот?
Објавено во: Стил 26 Септември, 2014 18:26
Триесет минути одење на ден е клуч за долг живот, открија британските научници. Не е потребно да вежбате со часови во фитнес сала за да бидете во форма. Дури и дневната прошетка по продавници може за 20% да ви го намали ризикот од предвремена смрт, откриле експертите.
Нивното истражување потврдило дека не само засиленото вежбање може да ве одржи во форма. Дури и умерената секојдневна активност како одењето или возењето велосипед имаат сериозно позитивно влијание врз здравјето.
Мали дози на редовна и лесна до умерена активност може да создаде многу позитивни ефекти, вели авторот на истражувањето Џејмс Удкок од лондонската школа за хигиена и тропска медицина.
Студијата спроведена во соработка со истражувачи од Кембриџ Универзитетот и Институтот Каролинска во Шведска е објавена во весникот "International Journal of Epidemiology",.
Тие утврдиле дека дневните прошетки влијаат добро на кардиоваскуларниот систем, го намалуваат ризикот од дијабетис, го нормализираат крвниот притисок, го подобруваат менталното здравје, овозможуваат подобар сон и ја подобруваат функцијата на мозокот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





