17 Декември, 2025
0.0691

Знаете ли што ги привлекува најмногу кинеските туристи во Хрватска?

Објавено во: Балкан 29 Септември, 2014 10:25

Добивај вести на Viber

Прекрасно море, плажи, национални паркови, културно-историски споменици - ова го наведуваат туристите од целиот свет како нивни впечатоци од Хрватска. Но, не и Кинезите. Оваа година, бројот на кинески туристи во Хрватска се зголемил за 5% во однос на лани. Ги разгледуваат убавините на земјата, но едно место не го одминуваат - Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито. Кумровец годинава го посетила и делегација на петте најголеми кинески туроператори, кои се заинтересирани да се воспостави директна авиолинија меѓу Хрватска и Кина. Според плановите на туроператорите за догодина, кинеските туристи во Хрватска би имале осумдневна програма, која би вклучувала посети по еден ден на Дубровник, Сплит, Задар, Плитвичките Езера, Загреб и секако - Кумровец. Ваквиот интерес се објаснува со фактот што со ликот на Тито кинеските граѓани биле запознаени уште во нивното детство. „Кинезите се импресионирани од Тито, особено оние родени пред 80-тите години. Тито во Кина е симбол на херој и државна независност“, вели Ју Џијанвеи, директор на еден од најголемите туроператори во Кина. Според светската статистика, кинеските туристи се пожелни насекаде во светот, бидејќи освен што се многубројни, трошат колку сите останати туристи заедно. Во просек, еден кинески турист за само еден шопинг троши меѓу пет и шест илјади евра.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни