Добивај вести на Viber
Војислав Шешељ, лидер на Српската радикална партија денеска пред зградата на Специјалниот суд во Белград ги запали знамињата на ЕУ и НАТО.
Тој денеска требаше да биде сослушан во Специјалниот суд во врска со барањето на Хашкиот суд за неговото предавање на Трибуналот, но сослушувањето беше откажано поради процедурални причини.
Шешељ пред Судот изјави дека сослушувањето е откажано, бидејќи Советот на Меѓународниот суд во Хаг не испратил одговор на барањето на Србија за одредени процедурални прашања.
„Едвај чекам рочиштето повторно да биде закажано за да им објаснам од кои правни причини не може да бидам предаден на Хашкиот трибунал“- изјави Шешељ.
Србија веќе не е назависна по потпишувањето на договорот со НАТО, рече тој и во знак на револт поради тоа ги запали знамињата на ЕУ и НАТО.