16 Јануари, 2025
0.0298

ЗНМ и опозицијата бараат одговорност за насилството во Собрание,Вељаноски вели:И мене ме тепаа!

Објавено во: Економија 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Здружението на новинари на Македонија достави претставки до полицијата во кои бара  откривање, но и санкционирање на луѓето кои го нарачаа инцидентот во Собранието кога новинарите беа насилно отстранети од Парламентот пред изгласувањето на Буџетот за 2013-та. Од ЗНМ побараа казни и за собраниското обезбедување кое демонстрираше сила пред новинарите. Само така, верува Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, институциите ќе покажат дека навистина жалат за својот однос кон новинарите. „Верувам дека најголем дел во МВР се професионалци и ќе го препознаат непрофесионалното однесување на нивните колеги . Очекуваме да се дистанцираат од нив и да ги санкционираат. Штетата е направена, сега се на потег институциите на некој начин  да го спасат  нивниот, но и образот на земјата пред светот“, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ. По три дена молк, стигна и реакција од Претседателот на собранието Трајко Вељаноски. Тој преку соопштение до јавноста, целата одговорност ја префрли на собраниските служби. „Сакам да потсетам  дека потребните мерки ги планираат и преземаат припадниците на собраниското обезбедување. На почетокот новинарите без никакви забрани беа присутни на галеријата од пленарната сала. Откако се случи првиот инцидент, кога и јас како претседател на Собранието бев нападнат, кога беше уништена и техниката, а обезбедувањето мораше да ме извлекува од пленарната сала,  надлежното собраниско обезбедување имајќи предвид дека галеријата  е во суштина, дел од пленарната сала, донело оценка дека галеријата мора да биде празна за да не се случи некој поголем инцидент.За оваа оценка кога станува збор за присутноста на новинарите изразувам жалење“, пишува Вељаноски. Во меѓувреме и опозициската СДСМ најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите државни функционери кои учествуваа во, како што велат партиско-полицискиот пуч што бил спроведен во Собранието. Како што изјави потпретседателката на партијата Ана Павловска-Данева, постојат основани сомневања дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со преземање одредени дејствија го прекршил  Уставот, Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието. .„Одговорноста е кај Трајко Вељаноски и Гордана Јанкулоска како директно надлежни“, рече Павловска Данева, која посочи дека бркањето на новинарите од собраниската сала е директно кршење на Уставот на државата.

Можеби ќе ве интересира

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса

ПРОДАДЕН ДЕЛ ОД ИМОТОТ НА ПОРАНЕШНО „ФЕНИ“: Авансно ќе се делат парите од стечајната маса