26 Јуни, 2024
0.2280

ЗНМ: Новинарите повторно спречени да известуваат од јавен настан

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Во пресрет на чествувањето за Гоце Делчев, ЗНМ потенцира дека со оглед на тоа што станува збор за настан од исклучителен јавен интерес, неопходно е да се обезбедат услови за непречено известување на новинарите, како на самиот ден на известување така и денеска.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на односот на полициските службеници кои во текот на денешниот ден спречуваа новинари и медиумски екипи да си ја вршат професионално својата работа околу црквата Свети Спас во Скопје.

До ЗНМ пристигна реакција од повеќе колеги новинари и медиумски работници кои биле спречени при вршење на професионална работата на јавен простор околу  црквата Св. Спас каде се наоѓаат моштите на Гоце Делчев. На прашањето зошто не смеат да снимаат, од службата за комуникации при МВР добиле одговор дека имаат таква наредба, притоа без детали за одлуката. Бараме од МВР да овозможи пристап и да не го попречува правото на работа на новинарите и правото на информирање на граѓаните. ЗНМ бара од МВР да овозможи пристап за новинарите и медиумските екипи, на локациите за кои новинарите сметаат дека се важни за јавноста, со цел да се заштити слободата на известување и јавно информирање.

Со почит кон безбедносните протоколи и проценки на МВР, укажуваме дека тие не треба да водат кон цензура во која новинарите и јавноста би биле лимитирани или целосно ускратени за информациите кои се поврзани со овој настан од исклучителен јавен интерес.

Можеби ќе ве интересира

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари