ЗОО Скопје: Жирафата Флопи угина поради малиген тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови
![](/media/main/2023/12/20231207200152.jpg)
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2023
Жирафата Флопи, кој почина пред нешто повеќе од една недела, имал тумор на црниот дроб и метастази на белите дробови. Токму ова било причината за неговото угинување, посочуваат од Зоолошката градина Скопје.
Од таму посочуваат дека резултатите од испитувањата решиле веднаш да ги споделат со јавноста.
- Само што ги добивме официјалните резултати од обдукцискиот протокол за угинувањето на нашиот Флопи, како што ветивме, веднаш транспарентно и одговорно ги споделуваме со целата јавност - потенцираат од ЗОО Скопје.
Истакнуваат дека 27.11. 2023 година беше трагичен ден за сите во ЗОО, прво поради веста за починувањето на колегата Ристе, а неколку часа подоцна и жирафата Флопи, која како што истакнуваат и покрај сите напори и максимална ангажираност на сите вработени во ЗОО Скопје кои деноноќно се грижеа за неа, умре.
- Врз основа на патохистолошки наод, и микробиолошкиот и молекуларен наод од Факултетот за ветеринарна медицина добивме заклучок во кој се констатира дека Флопи угинал како резултат на Малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови. Оваа подмолна болест е една од најфаталните во 21 век, од која како и луѓето, страдаат и голем број животни - објаснуваат од Зоолошката градина Скопје.
Додаваат дека ракот на црниот дроб се смета за „тивок убиец“, а кај Флопи бил утврден агресивен карцином кој веќе метастазирал и во белите дробови, кој тешко се дијагностицира во рана фаза.
- Се уште сме тажни поради оваа голема загуба, бидејќи во ЗОО Скопје вработените и животните, сите заедно, сме едно големо семејство. Флопи ќе го паметиме по неговата грациозност, специфичните шари на телото, неговата голема љубов кон зоонегувателите импосетителите, како и по мирниот карактер. Еден дел од нашите срца засекогаш ќе остане празен после неговото заминување - додаваат од ЗОО Скопје.
Фото: ЗОО Скопје
Можеби ќе ве интересира
МУЦУНСКИ ГО РАЗРЕШИ ВНУКОТ НА АХМЕТИ: Дрин заминува порано од амбасадата во Брисел
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726231513.jpg)
ИЗБРАНО НОВО РАКОВОДСТВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ: Еве кој ќе го води
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726211856.jpg)
НЕКОЈ ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА ПРАТЕНИЦИ: Добиле порака со заканувачка содржина
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726211417.jpg)
ПРЕТРЕС КАЈ ДВАЈЦА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Пронајдени автоматска пушка, два пиштоли и друго оружје
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726194904.jpg)
„ЈАС СУМ СЛОБОДНА, ЗОШТО МИСЛИТЕ ДЕКА НЕ СУМ?“: Катица Јанева вели од 2022 оди на викенди
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726164033.jpg)
ПОРАНЕШЕН ЗАТВОРЕНИК СТАНА ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА ЗАТВОРОТ ИДРИЗОВО: Левица со обвинување
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726173529.png)
ДЕСЕТ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА НОВИ В.Д. ДИРЕКТОРИ: Еве кои се
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726162020.jpg)
СРПСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ЌЕ ВОВЕДУВААТ РЕД ВО ОХРИД: Србија ни „позајмува“ четворица полициски службеници во август
![](/media/main/250x170/2024/07/20240726160131.jpg)