05 Декември, 2025
0.0346

Зоран Ставрески поканет во експертско тело за економски прашања, по долго време се појави во јавност

Објавено во: Економија 28 Декември, 2021 12:27

Добивај вести на Viber

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески е поканет да учествува во советот што ќе се формира како експертско тело и во чии рамки ќе се разгледуваат актуелни прашања и теми за коишто е потребен консензус во општеството, инициран од актуелниот министер за финансии Фатмир Бесими и неговите претходници.

Иницијатори покрај Бесими и Ставрески за вакво советодавно тело се поранешните министри за финансии Џевдет Хајредини, Таки Фити, Никола Поповски, Трајко Славески и Кирил Миноски. Советот на поранешни министри за финансии ќе претставува тело кое ќе функционира како дел на Скопје економски и финансиски форум - СЕФФ.

Зоран Ставрески, некогашниот министер за финансии во владите на Никола Груевски, го немаше долго време во јавноста се додека не беше обелоденето дека заедно со Оливер Шамбевски, некогашен портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, кој потоа беше и амбасадор на земјава во Кина, ќе бидат во работното тело што го формира опозициската партија, со цел да го мониторира работењето на новите градоначалници од партиските редови и остварувањето на предвидените проекти во општините што ги раководат.

Во последните пет-шест години, Зоран Ставрески речиси воопшто не е присутен на политичката сцена во земјава, ниту во јавниот живот, откако летото 2016 година поднесе оставка од позициитеминистер за финансии и вицепремиер – во владата што тогаш веќе ја предводеше Емил Димитриев, кој како техники премиер го замени Груевски пред парламентарните избори што се одржаа истата година.

Со ова работно тело ќе претседава партискиот лидер Христијан Мицкоски, кој по завршувањето на локалните избори, постојано е на терен низ општините каде што ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалници.

СДСМ во последно време во неколку наврати лиферуваше соопштенија во кој го споменуваше Ставрески.


„Тоа е истиот Ставрески кој во 2012 на црниот понеделник даде налог на собраниското обезбедување насилно да ги исфрли прво новинарите, а потоа и пратениците од собраниската сала.

Ставрески кој како министер за финансии ја презадолжи државата за да се финансира проектот Скопје 2014. Ставревски кој беше десна рака на Никола Груевски во водењето погубни економски политики за што тој самиот кажа „Трошиме за чоколадо а немаме ни за леб“

Денес, тој ист Зоран Ставрески ќе ја контролира работата и ќе им наредува на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова значи дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред Ставрески и ќе работат во негов интерес наместо да одговараат пред граѓаните и да работат во нивен интерес“, гласи едно од соопштенијата на СДСМ во изминатиот период.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен