Зошто американските богаташи се плашат од победа на Доналд Трамп?
Објавено во: Економија, Свет 27 Март, 2016 13:41
Претендентот за кандидатурата на републиканците за претседателските избори во САД Доналд Трамп го има водството во внатрепартиските избори. Од друга страна, демократскиот претседателски кандидат Берни Сандерс победи на партиските избори , во Аљаска, Хаваи и Вашингтон. Со големите победи во трите држави Сандерс се врати во трката со фаворитката Хилари Клинтон која има значителна предност во бројот на освоени делегати.
Но, зошто светот посебно стравува од победа на Трамп? Еве едно објаснување од економски аспект:
Точно помеѓу Њујоршката берза и американската централна банка на Вол Стрит се наоѓа 70-катна зграда на Доналд Трамп. Сепак, Трамп на Вол Стрит го сметаат за странец, а не како еден од нив.
Американските богаташи го сметаат Трамп за непредвидлив и конфликтен, а сега сите од нив, се преплашени тој може да биде во можност да се успее и да биде новиот американски претседател.
Вашонгтон пост наведува дека банкарите најмногу се загрижени од неговата непредвидливост, а они кои работат во овој сектор го сакаат токму спротивното.
"Вол стрит работи во тесна соработка помеѓу регулаторите и пазарот, а Трамп во овој поглед е вознемирувачки фактор. Само затоа што еден милијардер, не значи дека тој е дел од нашиот тим", се вели во извештајот на ветеранот на Волстрит Питер Кени, кој е таму за 20 години .
Милијардерските хеџ фондови се први на листата кои се најзагрижени од победа на Трамп. Републиканскиот кандидат нив ги нападна, поради нивното ослободување од оданочување.
„Тие не плаќаат ништо и тоа е лудо. Јас сакам да ја спасам средната класа. Овие момци не работат ништо освен што разменуваат документи.” – изјавил Трамп неодамна во интервју за CBS.
Очигледно е дека Трамп не е омилен меѓу милионерите на САД, меѓу кои има и такви кои покренале и вистинска антитрампова кампања.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




