29 Септември, 2024
0.0239

Зошто Балканот го нарекуваат „КРИМИНАЛЕН ПАТ“ кон Европа?!

Објавено во: Анализа 28 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Балканот е најголемата безбедносна дупка на ЕУ, која ја препознале и терористите, бидејќи повеќето оружје кое го користат доаѓа токму од тој регион, тврди виенскиот дневник „Кронен цајтунг“. Весникот укажува дека атентаторите во Париз користеле оружје кое има потекло од Балканот, каде во моментот, според проценките има четири милиони нерегистрирани наоружувања на црниот пазар. Веќе со децении криминалците од сите видови ја користат балканската мапа како „криминален автопат“ кон и од Европа. Според Европол повеќе од четири милиони оружја од војните на просторот на поранешна Југославија се наоѓа во циркулација во државите на Балканот. „Релативно лесно е да се дојде до тоа нaoружување. Бандите се специјализирани на трговија со оружје. Се шверцува преку истите тие мапи преку кои дрогата доспева до Русија и Европа“, истакнува еден неименуван експерт на ОН. Со тоа исчезнуваат се повеќе граници помеѓу „нормалниот“ криминал и терор. „Од Авганистан преку Балканот годишно доспева во ЕУ хероин во вредност од околу 17 милијарди евра. Добивката од оваа работа оди во џебовите на Ал Каеда“, тврдат експерти. Исто така и финансирањето на радикалните лица во Европа оди преку Балканот. „Парите претежно доспеваат до Австрија или Лихтенштајн, каде се перат и потоа може без проблеми да се користат“, тврди неименуван експерт во изјава за виенски дневник.     И.Р