19 Декември, 2025
0.0391

Зошто банките се најдобри инвестиции во Македонија?

Објавено во: Економија 17 Декември, 2018 06:57

Добивај вести на Viber

Од десет компании чии акции се најдобри инвестициски вложувања (сооднос добивка што им припаѓа на акционери до крај на септември 2018 г. и последна просечна пазарна цена на акција) дури 5 се банки. Од петте најдобри вложувања со акции со најголем потенцијал за принос дури четири се акции на банки и тие се пласирани од прво до четврто место. Ова е најдобар опис на состојбата во македонската економија: за тоа кој за кого работи и колкава е конкурентноста во банкарскиот сектор...

Податоците за добивките што им припаѓаат на акционерите за првите девет месеци годинава покажуваат дека најдобри потенцијални инвестиции се купувањето акции во домашните деловни банки. Според критериумот колкав е потенцијалниот принос на акција купена по последна пазарна просечна цена и добивката што ја носи таа акција за првите девет месеци. На листата се 10 компании со најголем потенцијал за принос, што е на крај, одлука на акционерите. 
На листата од десет најпотенцијални 5 се банки, а тие се подредени од првото до четвртото место. Најголем потенцијален принос има „Уни банка“ чија добивка што им припаѓа на акционерите за првите девет месеци е 21 отсто од последната пазарна цена. Хипотетички, ако банката реши да подели авансна дивиденда и тоа е целата добивка за првите девет месеци тој што купил акции на последната просечна пазарна цена може да очекува принос од 21 отсто на вложеното.

Во табелата подолу се подредени акциите според горенаведениот критериум.

Компанија

Добивка по акција за период 1-9.2018г.

Сооднос: добивка по акција/посл.прос. пазарна цена

УНИ Банка

484 денари

21%

Охридска банка

1.029 денари

15,8%

НЛБ Скопје

2.175 денари

15,3%

Комерцијална банка

759 денари

15,1%

Мерм.комбинат

241 денар

11,7%

Стопанска банка Скопје

148 денари

11,6%

Макпетрол

5.400 денари

11,6%

Фершпед

6.698 денари

9,9%

Прилепска пиварница

3.595 денари

7,8%

Гранит

51 денар

6,4%


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии