05 Декември, 2025
0.0369

Зошто беше одземена лиценцата на ЧЕЗ во Албанија!?

Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2013 19:31

Добивај вести на Viber

Регулаторниот завод за енергетика на Албанија во понеделникот  ја одзеде лиценцата на чешката компанија ЧЕЗ за дистрибуција и снабдување со електрична енергија. Како што јавија албанските медиуми, причина за ова е неисполнувањето на обврските кон владата во Тирана, предвидени со договорот за приватизација на поранешната албанска електродистрибуција.

Претседателот на Регулаторниот завод за енергетика, Сокол Рамадани изјави дека одземањето на лиценцата на овој оператор за дистрибуција на електрична енергија е поради нереализирањето на основната функција од страна на компанијата ЧЕЗ, кога станува збор за увозот на електрична енергија за снабдување на граѓаните.

Со одлука на Заводот ЧЕЗ- Албанија е избришана од регистарот и сега на нејзино место е регистрирана Компанија за дистирубиција. Според Заводот ЧЕЗ има големи долгови кон Владата. Од друга страна чешката компанија уште од приватизацијата се сочува со големи проблеми околу наплата на сметките за потрошена електрична енергија, чиј процент во оделени делови не надминува ни 10 отсто, како и големата загуба во мрежата која надминува 35 отсто, дел поради старата мрежа, но добар дел поради нелегани поврзувања.

Од друга страна пак ЧЕЗ се жали и на големи неплатени сметки и од страна на државни и јавни претпријатија и институции. Компанијата наведува дека одлуката за одземање на лиценцата е во целосна спротивност со законот и најави жалба до меѓународната арбитражната комисија. Инаку ЧЕЗ во март 2009 година за 102 милиони евра стана сопственик на 76 отсто од акциите на електродистрибуција која беше дел од албанската електрокорпорација КЕШ.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии