ЗОШТО БРЗААТ РУСИЈА И ТУРЦИЈА: Проектот „Турски тек“ наскоро тргнува
Објавено во: Балкан, Економија 01 Септември, 2016 10:59
„Турски тек“ по кој ќе тече гас за Европа дефинитивно ќе биде изграден-сите дозволи за изградба на гасоводот би требало да бидат изадени во најкраток можен рок.
„Гаспром“ и Турција договорија забрзано издавање на дозволите за „Турски тек“, соопштуваат од рускиот гасен холдинг после работниот состанок на претседатеот на управата на Гаспром Алексеј Милер и министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Берат Албајрак.
Како што пишуваат руските медиуми, постигнат е договор во најкраток рок да се завршат процедурите на издавање на сите потребни дозволи за почетокот на реализација на проектот „Турски тек“.
„Трговските преговори за услови на испораки на руски гас во Турција ќе бидат продолжени“, наведува комапнијата .
Проектот „Турски тек“ беше замрзнат откако односите на Москва и Анкара се влошија после соборувањето на рускиот воен авион „Су-24“ над Сирија кон крајот на ноември лани.
Русија во декември 2014 година се откажа од проектот „Јужен тек“ во корист на „Турски тек“, кој подразбира зградба на гасовод кој би водел од Русија во Турција по дното на Црното море.
Истовремено, во тее е проектот „Северен тек 2“ од Русија кон Германија како трајна дестинација.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




