Зошто цената на лешниците вртоглаво расте и како тоа влијае на чоколадото?
Објавено во: Економија 14 Август, 2025 20:54
Цените на лешниците низ целиот свет се зголемија за повеќе од 30 проценти од почетокот на годината. Странските медиуми објавуваат дека една од причините е студениот април во Турција, кој оштети многу род и значително ја намали реколтата, што особено ги погодува производителите на чоколадо. Покрај тоа, цените на какаото растат и на долг рок, што дополнително влијае на конечната цена на производите во кои се користат лешници.
За земјоделците кои постигнуваат принос од приближно два тона на хектар, заработката може да достигне 10.000 евра, а во исклучително успешни години, дури и повеќе. Долгиот животен век на плантажите, кој може да биде до половина век, го прави лешникот многу профитабилна култура во овоштарството, што се потврдува со растечкиот број нови плантажи во различни региони.
Глобалното производство на лешници расте за околу 3 проценти годишно, според податоците од Меѓународниот совет за јаткасти плодови и сушено овошје. Во вкупната потрошувачка на јаткасти плодови, лешниците се на петтото место со 11 проценти, зад бадемите (27 отсто), оревите (22 отсто), индиските ореви (20 отсто) и ф'стаците (14 отсто.
Во сезоната 2022/23, глобалната реколта достигна 585.150 тони, што е највисок резултат во последните десет години. Турција води со 71 процент од вкупното производство, додека Италија следи со околу 10 проценти. Одгледувањето лешници се зголемува и во САД и Чиле.foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





