20 Април, 2024
0.0266

Зошто Чаир е исклучително важен за СДСМ?

Објавено во: Анализа 10 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Општина Чаир можеби нема голема политичка вредност за СДСМ бидејќи и онака немаат директно свој кандидат кој би се обидел за прв пат во историјата на оваа општина да направи исчекор, односно Албанец да се „трка“ за релативно партија со мнозинско македонско гласачко тело. Наместо тоа СДСМ реши да ја зацврсти коалицијата со ДУИ и да го поддржи нивниот кандидат Висар Ганиу. 

Токму неговото поддржување не беше најидеално дочекано од партиските штабови на СДСМ во Чаир каде се случи огромна трансформација и партијата која сега ја води владата доби голем број членови Албанци и припадниците на останатите етнички заедници што им даде и мотив за големи промени.

Сега СДСМ е пред голем предизвик, да му помогне да победи на Ганиу за да не се случи во Чаир да дојде до смена на власта и за прв пат таму градоначалничката фотелја да ја освои Зекирија Ибрахими од БЕСА кој ако се сеќавате ја пееше албанската химна во Собранието непосредно пред да се гласа за Талат Џафери и да се случи крвавиот упад. 

Доаѓањето на власт на БЕСА во Чаир на долг рок ќе ја промени динамиката кај албанското гласачко тело, значително ќе ги ослабе позициите на ДУИ бидејќи за албанските партии локалната власт значи вистинска моќ и почетна точка за „билдање“ како на рејтинг, така и на регрутација на лојални кадри. 

Воопшто динамиката во Чаир целосно би се променила со БЕСА како предводници на општината што може да донесе идна закана за СДСМ бидејќи во сценарио на пролетни парламентарни избори постои можност ДУИ да освои помал број на пратеници од сега. Тогаш СДСМ ако сака да состави повторно Влада ќе има одново комплицирана задача, никој не може сега да прогнозира какви ќе им бидат односите со БЕСА со што би се соочиле со нова релативно кризна состојба.

Албанците сакаат промени, тоа го покажуваа уште во декември минатата година, доволно им беше владеењето на Груевски и Ахмети, па затоа и резултатот на СДСМ беше неочекувано подобар. Поддршката на СДСМ за Ганиу во Чаир нема да значи само гласови од македонските членови на социјалдемократите кои во оваа општина се во многу помал број бидејќи на овој терен меѓу гласачкото македонско тело секогаш подобри резултати имал ВМРО-ДПМНЕ. Поддршката од СДСМ за кандидатот на ДУИ ќе значи глас од нивните албански симпатизери што ќе биде клучно за одредување на конечниот победник, но како тие ќе се изјаснат на 15 октомври никој не може однапред да гарантира.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!