06 Декември, 2025
0.0426

Зошто добивката на „Макошпед“ падна за 96 отсто?

Објавено во: Финансии 06 Март, 2018 07:33

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ лани завршил во добивка од 463.000 денари што е само 4 отсто од добивката остварена во 2016 година. Иако ги зголемил приходите од продажба за 30 отсто „Макошпед“ има загуба од оперативно работење во износ од 3,8 милиони денари. Додека остварил приход од продажба од 90,7 милиони денари, „Макошпед“ за акции платил 92 милиони денари

Скопската шпедиција „Макошпед“ лани плати 92 милиони денари односно 1,49 милиони евра за купување акции сопствени акции и за акции во друга компанија, покажуваат официјалните податоци од билансите што ги објави „Макошпед“.  „Макошпед“ лани остварил 90,7 милиони денари вкупен приход од продажба, а истовремено во купување сопствени акции и во акции на „Фершпед“ вложил 92 милиони денари. Од достапните податоци „Макошпед“ за откуп на сопствени акции платил 24,73 милиони денари, а за купување сопственички акции платил 67,3 милиони денари.

Како работел „Макошпед“

Компанијата минатата година ја завршила со вкупни приходи од 97,6 милиони денари од кои 90,5 милиони денари се приходи од продажба на услуги остварени на домашниот пазар. За истакнување е тоа што „Макошпед“ на домашниот пазар остварил приход од продажба за 30 отсто односно за 21 милиони денари повисок од 2016 година. Со останатите оперативни приходи „Макошпед“ достигнал вкупни приходи во износ од 97,6 милиони денари. Неговите оперативни расходи лани изнесуваат 101,45 милиони денари и во споредба со 2016 година се повисоки за 49 отсто односно за 33,3 милиони денари. Убедливо најголем раст на расходите има кај ставката набавна вредност на трговски стоки кои достигнале лани 48,23 милиони денари и се повисоки за 171 отсто односно за половина милион евра од 2016 година. За пет милиони денари односно за 85 отсто се зголемени и останатите трошоци од работењето. „Макошпед“ годината ја завршил со оперативна загуба од 3,82 милиони денари. 
Да ја заврши годината во плус овозможиле неговите финансиски приходи. Имено, лани „Макошпед“ остварил 5,56 милиони денари од вложувања, заеми и камати или поточно според паричниот тек остварил приход од дивиденда во износ од 5,56 милиони денари. Неговите финансиски расходи се 1,28 милиони денари и таа позитивна разлика меѓу финансиските приходи и расходи овозможила компанијата ланската година да ја заврши со добивка од 463.000 денари. Ланската добивка е само 4 отсто во споредба со добивката остварена во 2016 година.

Од билансот на состојба се гледа дека „Макошпед“ ги зголемил своите обврски за 41  милиони денари и тие на крајот на минатата година достигнале 61,3 милиони денари. Обврските на „Макошпед“ лани се зголемени за 192 отсто. Од новите обврски 6,7 милиони денари се за краткорочни кредити, околу 9,3 милиони денари се нови обврски кон добавувачи и 24 милиони денари се обврски за долгорочни кредити и хартии од вредност. Овој раст на задолжување е во услови кога компанијата ги намалила своите побарувања од купувачи.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција