19 Мај, 2024
0.0281

Зошто доцни формирањето на ЈП „Центар Гас“?

Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Формирањето на Јавното претпријатие за гас на општина Центар влегува во завршна фаза, уверуваат од Центар. Од таму велат, дека се оди според ветувањата и реалните можности. Откако одлуката за потребата од формирање на вакво претпријатие поминала на последната седница на општинскиот совет, сега ќе почне постапката за изработка на физибилити студија. Во меѓувреме додека се формира јавното претпријатие, основното училиште “Димитар Миладинов” веќе се приклучи на гас. - На овој приклучок од училиштето Димитар Миладинов во наредната фаза може да се приклучат и околните станбени згради. Следни за гасификација се ОУ “Гоце Делчев” и “Кочо Рацин”. Инвестицијата во Димитар Миладинов е 60.ооо евра , до комплетно пуштање на гасот. Ова училиште за парно годишно плаќа 80.000 евра, со гасот 32.000 евра, објаснуваат од општината Центар. Засега не е познато колку пари ќе се одвојат од општинскиот буџет за спорведување на гасификацијата. Иако пред извесен период градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, излезе со изјава дека старото раководство ја оставило општинската каса без денар, сепак за овој проект ќе има пари, уверуваат од општината. -Буџетот на општината е испразнет, но општината има редовни приливи од данок на имот, комуналии. Значи за она што е од суштинско значење средствата ќе се обезбедуваат, но се работи внимателно и штедливо, велат од општина Центар. Гасификацијата на Центар, како што за време на изборната кампања изјави градоначалникот Жерновски за Фактор, е планирано е да одвива во две фази. Во првата фаза ќе се приклучат поголемите потрошувачи, а во втората ќе се приклучат и колективните станбени згради, а двете фази е предвидено да завршат за период од 4 години. Жерновски првично најавуваше дека ЈП Центар гас ќе се формира на првата седница на советот на општината, но тоа не се случи. Гасификацијата главен адут на изборите Инаку, гасификацијата беше главен адут речиси на сите градоначалници во текот на изборната кампања за изминатите локални избори. Досега и пред локалните избори најмногу успех во оваа област постигна градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој уште лани ја гасифицираше општината. А по него на гасот се приклучи и општината Куманово. Во текот на изборната кампања, гасификација прво на средните училишта а потоа и на домаќинствата најави и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Тогаш тој појасни дека предност ќе имаат оние населени места каде што нема централно парно и кои според него покажале најголем интерес за гасификација. Бесплатен приклучок на гасоводната мрежа за сите граѓани од општина Карпош, вети и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, како и останатите кандидати за градоначалници на изминатите локални избори. Колку ветувањата ке станат реалност за граѓаните ќе се знае за 4 години, бидејќи секој од градоначлниците ветија дека токму за овој период, гасот ќе стигне до домовите на сите граѓани. Инаку гасификацијата на земјава и воведувањето на  минимум стандарди за енергетска ефикасност се пропишани со новите измени на Законот за енергетика. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража