26 Ноември, 2024
0.0273

Зошто ЕСМ летото продавал струја по 43,5 евра за во ноември да купува за 53 евра за мегаватчас?

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Од јуни до септември продаваш струја за 43,5 евра (просечно). И тоа во услови кога термо производството ти е помало за 30 отсто од планирано, а хидро производството го „газиш“ на 30 отсто над планот и тоа во летен (по дифолт сушен) период. И при тоа дотокот на вода во езерата е само 35 отсто од потребното да ја произведеш хидроенергијата. И после неполни два месеци викаш „сушааа“ и купуваш струја по цена од 53 евра за мегават час односно 23 отсто поскапо од просечната цена по која си продал! Ова е техничко прашање или е резултат на рационално користење на ресурсите во државната компанија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ)?

 Државната компанија „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ или поранешно ЕЛЕМ н.з.) во периодот од јуни до септември продала над 140.000 мегавати електрична енергија и од продажбата инкасирала 6,16 милиони евра. Што значи дека продавале по просечна цена од 43,6 евра за мегаватчас. И после еден месец, во ноември, како што објаснија од ЕСМ цитираме „заради сушата“ компанијата имала кусок производство и морала да купи нешто повеќе од 60.000 мегаватчасови за што платиле над 3 милиони евра односно ЕСМ платила просечна цена од 53 евра за мегаватчас електрична енергија, што е речиси 10 евра односно 23 отсто поскапо од цената по која продавале.

Но не е тоа најлошото, пострашно е тоа што големите хидроакумулации „зјаат празни“ односно нивото на вода беше толку ниско што Владата минатиот месец дојде во ситуација да носи одлука да запре нивното користење.

Како настана сушата?

Официјалните податоци покажуваат дека менаџментот на ЕСМ во летниот период „јако ги нагазил“  хидроцентралите за сметка на термоблоковите на РЕК Битола (во која во август имаше и хаварија во рудникот „Суводол“). Од почеток на јуни до крај на септември хидроцентралите произвеле 432.144 мегаватчасови електрична енергија што е за 182.518 мегаватчасови односно 73 отсто повеќе од истиот период во претходната година. Дури и во споредба со планираното хидро производство за овој период реализацијата е поголема за 100.000 мегаватчасови односно 30 отсто повеќе од планот.

 И сега доаѓа многу клучното: дотоците на вода во езерата – многу важен параметар врз основа на кој се планира производство во хидроцентралите. Во периодот од почеток на јуни до крај на септември во езерата од кои хидроцентралите на ЕСМ произведуаваат струја дотекле води од која може да се произведат 153.532 мегаватчасови струја. Во истиот период ЕСМ потрошил вода за да произведе 432.144 мегаватчасови струја. Речиси три пати повеќе потрошена вода од таа што дотекла во езерата.

Факти за периодот од почеток на јуни до ноември:

-ЕСМ продала 141.176 мегаватчасови струја за 6,16 милиони евра (просечна продажна цена 43,6 евра за мегаватчас);

-ЕСМ произвела 432.144 мегаватчасови електрична енергија од хидроцентралите што е за 73 отсто повеќе од истиот период лани и 30 отсто повеќе од планираното;

-Во хидроакумулациите на ЕСМ дотекла вода за производство на 153.532 мегаватчасови електрична енергија 2,8 пати помалку од водата потрошена за производоство;

-ЕСМ од РЕК Битола произвела термо енергија од 617.524 мегаватчасови, а планирано било да произведе 878.400 мегаватчасови. Реализацијата потфрлила за 30 отсто во однос на планот односно за 260.876 мегаватчасови помалку;

- ЕСМ во ноември купува нешто над 60.000 мегаватчасови електрична енергија (од увоз) по просечна цена од 53 евра за мегаватчас за што плаќа над 3 милиони евра

Податоците се од ЕСМ

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија