29 Септември, 2024
0.0270

Зошто ЕУ не е подготвена за трговска војна со Русија?

Објавено во: Анализа 13 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Силното лоби на француските земјоделци бара итно повлекување од европскиот пазар на сите овошки и зеленчук, кои веќе не можат да се извезуваат во Русија, поради ембаргото наметнато од Москва. Слични активности беа предложени и за млекото, млечните производи, месото и рибата. Причината за ова е бидејки производителите се плашат дека прекумерната понуда ќе ги намали екстремно цените на храната кои во се потпираат во голема мера на субвенциите од земјоделскиот сектор во Европската унија (ЕУ). Група експерти на Европската комисија (ЕК) веќе се зафатија со пресметката на последиците од првата фаза на економскиот судир со Русија. Широка група од претставници на земјоделците од различни земји се очекува да се сретнат следниот четврток, а од Брисел ветуваат "до 400 милиони евра" компензации за настраданите земјоделци од санкциите. Имајќи ги предвид овие факти, се појавуваат некои прашања. Прво, ембаргото не требаше да е изненадување за ЕУ. Русија со месеци повторува дека ќе возврати на санкциите на Западот. По третиот пакет санкции насочени кон чувствителни сектори на руската економија во средината на јули, Москва предупреди дека ќе нишани во земјоделскиот бизнис на ЕУ и дека ќе следат активности во автомобилската, авионската и бродоградбената индустрија. ЕУ сепак се покажа неподготвена за трговска војна. И покрај предупредувањата ЕУ изгледа сосема е изненадена и огорчена од тоа што Русија возврати на санкциите. Тоа зборува за целосен недостаток на подготовка за сериозната и опасна игра на санкциите. Неколку земји (Финска, Полска и некои од балтичките држави) веќе побараа компензација за загубите од Брисел. Второ, ветената компензација од "до 400 милиони евра" не е сосема адекватна. Русија е вториот по големина пазар за земјоделскиот извоз на ЕУ, претставувајќи 10% од него, што е еквивалентно на 12 милијарди евра годишно. Само францускиот извоз во Русија претставува околу 1 милијарда евра. Францускиот претседател Франсоа Оланд е соочен со слаба јавна поддршка, економски застој и растечка невработеност, а поради тоа не се осмелува да го раскине договорот за испорака на два воени брода за Русија, платени целосно од Москва. Тој покажа и значителна поддршка за предлогот на земјоделците за активности на ниво на ЕУ. За да биде сликата уште понепријатна, трговската војна доаѓа во прилично тежок момент за француско-германските односи. Поддржана целосно од Италија, Франција не се откажа да го потврди долгогодишното барање за ублажување на строгите фискални политики наметнати од Германија, за да се даде воздух на изморените и ослабени економии во еврозоната. Оланд исто така повика Германија да го стимулира внатрешното пребарување и да инвестира огромен трговски суфицит од 200 милијарди евра во проекти од кои можат да имаат користат европските партнери. Два дена подоцна, владата во Берлин ги отфрли француските предлози, велејќи дека "премногу општите барања од страна на Париз не содржат причина поради која Германија би ја менувала економската политика". Сличен тврд и императивно силен тон не е својствен за двете блиски и пријателски земји партнери. Може ли Европската централна банка да овозможи спас? Таа не може да направи којзнае колку. Имаше некое подобрување на кредитирањето во јуни, но е премногу рано да се каже дали и до кој степен последниот потег на ЕЦБ кон олеснување ќе помогне на еврозоната да избегне рецесија. Кредитирањето за домаќинствата и нефинансиските корпорации се подобри до одреден степен во јуни, но хипотекарните заеми - добар показател за идната побарувачка, забележаа благо влошување. Под овие околности не е јасно што повеќе може да направи ЕЦБ од она што веќе е направено за да се справи со проблемите во услови на растечка неизвесност. Таа ќе успее да ја спаси монетарната унија, но за жал тоа е единствената добра вест, која може да се каже во моментов. K.K.