29 Септември, 2024
0.0262

Зошто франакот иницираше бегство на Швајцарците од Еврото?

Објавено во: Анализа 18 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Одлуката на Швајцарија да го напушти фиксниот курс на домашната валута франкот спрема еврото некои веќе го нарекоа „цунами“. Но иако може да се очекува уште поголем пад на вредноста на еврото, очигледно е дека Швајцарците го губат трпението, пренесува Дојче Веле.

Како што пренесува споменатиот погоре сајт, изненадувањето што се случи на 15 јануари, беше дотолку поголемо зошто претседателот на Швајцарската национална банка СНБ Томас Јордан до неодамна се колнеше дека ќе го „брани“ паритетот на франкот спрема еврото и курсот од 1,20 за едно евро „по секоја цена“. Конечно, до тој паритет дојде после болните искуства на швајцарската економија во  екот на кризата во зоната на еврото.

Бидејќи кога франкот е „јак“ швајцарските производи стануваат поскапи од конкуренцијата во еврозоната, па затоа во летото 2011 година Швајцарската централна банка СЦБ одлучи да го фиксира и вети интервенирање на швајцарскиот пазар на девизи, за да одржи курсот. Тоа пак по себе повлекува уште едно: СЦБ продавајќи франци имаше се повеќе странски валути, а со оглед дека беше нарушена довербата во еврото, швајцарските девизни резерви со текот на времето станаа се поголеми.

Во меѓувреме стана прилично извесно дека вредноста на еврото спрема  доларот и другите светски валути, би можела да падне уште повеќе. Но на тоа не влијаат изборите во Грција или напнатоста во односите со Русија, стои запишано во извештајот на експертите упатен до Европскиот суд во Луксембург.

Имено, експертите, на барање на тужбата во Германија, се занимавале со прашањето дали Европската Централна Банка смее да купува државни обврзници на земјите еврозоната. Прецедателот на ЕЦБ Марио Дархи упорно заговара такви мерки, чија цел е поттикнување на цената на обврзниците од економски „проблематичните“ држави и истовремено на располагање ставила уште готовини на  пазарот на капитал во став од дефлација.

Иако многумина во Германија мислат како ЕЦБ со тоа ги надминува овластувањата, мислењето на експертите гласело како таа институција „во принцип“ не смее да посегне по таква мерка. Додуша, овој извештај не може да се толкува како јасно „да“ или „не“, ниту станува збор за одлука на судот. Сепак, веќе се покажало како судиите многу често се држат до мислењето изнесене после експертско вештачење. Ни ЕЦБ не донела одлука, но таа мерка дефинитивно би требало да биде договорена  на заседанието на 22 јануари годинава.

Пресметката е едноставна: повеќе евра на пазарот на пари значи и опаѓање на вредноста во однос на друга валута. Често е доволна само можноста такво нешто да се направи во дел, па расположението на пазарот да се промени. Сведоци сме на ефектот таканаречен „чадор за евро“ (фондови за спасување на валути) кој практично едвај и некогаш да морал да се употреби.

ЗА Швајцарците еврото станало „претешко“

Но во Швајцарската централна банка сфатиле како државната интервенција на пазарот на капитал нема никаква смисла. На крајот на краиштата, секој „фиксен“ курс значи дека на пазарот повеќе не владее темелен принцип каде односот на понудата и побарувачката ја одредува цената. „Швајцарците“ ќе бараат се повеќе, а еврото се помалку - и ШЦБ повеќе не можете да издржи „прст во дупката на дното на бродот со евра“.

Затоа претседателот на ШЦБ Јордан минатиот четврток го запре постоечкиот паритет. За него очигледно немало друга опција. Што значи дека повторно воведување на „фиксен курс“ во иднина е малку веројатно. Бидејќи светскиот пазар не може да има доверба во некој кој прво тврди дека ќе го „брани“ еврото до последен франак за потоа целосно да го либерализира валутниот курс - и тогаш повторно да воведе паритет.

За претседателот на Германскиот економски институт (DIW) од Берлин, Марсел Фрачер одлуката на Швајцарската централна банка не е изненадување.

„Одлуката за укинување на паритетот одамна требаше да биде донесена. Политиката на цврстиот курс навистина изминатите години ги штитеше швајцарските извозници и ја поттикнуваше нивната конкурентност со слабиот франк“, но таа политика се покажа како исклучително скапа грешка.

Вредноста на франкот долгорочно ќе расте во однос на еврото и губитокот на вредноста во девизните резерви би можело да биде многу голем.  И моментот на одлуката сигурно не е случаен. Чекањето на одлуката на ЕЦБ за купување на државн обврзници, еврото би требало среднорочно уште повеќе да го ослаби. Така СЦБ би морала да купува уште повеќе девизи на празарот“, смета Фрачер.

Од друга страна, во Швајцарија се слуша дека овие мерки тамошните услуги и производи ќе ги направат прескапи, па така Ник Хајек, претседател на концернот на швајцарскиот производител на часовници Своч (Swatch), е шокиран од споменатата одлука.

„Ми недостасуваат вистински зборови. Јордан не е само име на претседателот на СЦБ, туку тоа е и име на река, а тоа што гоо прави банката, би можело да се нарече цунами. Како завизвозната индустрија, така и за туризмот и за цела Швајцарија, вели тој за Дојче Веле.