19 Декември, 2025
0.0756

Зошто граѓаните се иселуваат и што со младите кои Македонија ги губи?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2016 19:31

Добивај вести на Viber

Македонија се соочува со одлив на младото население, што секако долгорочно негативно ќе влијае во сите сфери.

Годинава  земјава ја напуштиле  16% од младото население, покажуваат податоците на Светска банка. Статистиките говорат дека заклучно со 2010 година се иселиле 440.000 граѓани од земјава.  Мотивите за заминување во странство се невработеноста, ниските плати, лошиот животен стандард во Македонија.

Никола Крстевски, член на Средношколски пленум Куманово вели дека многу млади иднината ја гледаат во странство и се почесто сретнува врсници со такви амбиции.

„Веќе знам неколкумина мои врсници кои со сигурност своето образование ќе го продолжат во земјите од западна Европа и САД, примени се на универзитетите и комплетирана им е сета документација. Неодамна во моето училиште, учениците организираа дебата на оваа тема и како најчести причини за исселувањето беа наведени економските причини. т.е нискиот животен стандард, недостаткок на перспектива,  но и потрагата по квалитетно образование“ - вели Крстевски.

Младиот новинар Сунај Сабриоски од Прилеп, дава слика за тоа како е во неговиот град во поглед на иселувањето.  Вели дека иселувањето на младите е алармантна појава уште пред да стане видлива, а ги наведува и бројките за невработеноста на младите.

„Во годишниот извештај за работата на Агенцијата за вработување за 2014 година се евидентирани 123 661 случаеви на невработени лица – активни баратели на рбота од кои 30 611 се на возраст од 15 до 29 години, додека во Прилеп се регистрирани 7,2%  или 8 890 невработени лица. На страна статистиките кои се голема нелогичност во однос на тоа колку бројот на вработени останува скоро и непроменет во споредба со  растечкиот број на невработеноста. После низата политичко -  партиски превирања младите се ставени во кош од кои едвај се успева да се излезе“ - вели тој.

Сабриоски раскажува дека младите заминуваат од Македонија, не затоа што сакаат туку затоа што мораат. Според него, во принцип се бараат полтрони кои ќе ја завршат работата без многу труд, а потоа за последиците никој не одговара,  за последиците е оставен младиот човек да ги решава сам како знае.

„Луѓето кои што ги познавам се  вистински интелектуалци кои инвестирале премногу во себе, дел од нив веќе ги немам покрај мене затоа што го напуштиле родното место, ја напуштиле сопстбената татковина – не затоа што сакале туку затоа што морале. Не се тоа само млади од Прилеп – тоа се пред се луѓе кои во одреден момент од многу придонеле за нашата држава, не успеале да издржат па заминале кој Германија, кој Швајцарија, Италија, Франција, Велика Британија, Америка и Австралија. Зошто се иселиле е многу јасно – времето и сиромаштијата му згазило на врат, секојдневното  талкање по работа би ги убило доколку продолжеа да се надеват дека ќе добијат работно место“ -додава Сабриоски.

Социологот Светлана Илиевска Алексовска вели дека одливот на младите од земјата е трагедија. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и  пообразовани отколку оние што остануваат, додава социологот.

„Државата  не само што губи идни ресурси, туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои. Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации.Тоа автоматски значи дека нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца што се таму родени имаат уште послаби врски со роднините во татковината“ - рече Илиевска Алексовска.

Како што тргнало, процесот на  демографско стареење на населението во нашата држава, емиграцијата, на подолг рок  ќе се соочиме, со екстремност на целосно стара држава, а овде ќе останат да живеат само пензионери, раскажува социологот.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд