16 Мај, 2025
0.0419

Зошто „Гранит“ купи фирма што постои само пет месеци?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2024 07:50

Добивај вести на Viber

Градежно-рударската експлоатација во Македонија продолжува со купување на сепарации за песок и чакал, како и на каменоломи. Интерес од големите градежни компании има и за помали асфалтни бази. 

Градежниот гигант АД Гранит, иако невообичаено за негови стандарди, од неодамна е нов сопственик на фирмата „Леп-Коп Инвест“ со променета адреса на булеварот Хасан Приштина кај скопско Визбегово. Оваа фирма е регистрирана само пред пет месеци со дејност вадење на чакал, песок, глина и каолин. Првичната адреса била во Карпош, а сопственичка извесната Биљана Милошевиќ - Поповска. Сега нов управител е Емил Јорданов, рударскиот инженер од АД Гранит.

Можно е ова преземање да оди во прилог на тоа што „Гранит“ во близина ја гради првата фаза од автопатот Скопје - Блаце, а исто така работи и на неколку урбани проекти во самиот главен град.

За очекување е ваквите преземања да продолжат со започнувањето на активната изградба на автопатите од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“ и подизведувачите на проектот Коридор 8 и Коридор 10Д. Според сознанијата на „Фактор“, градежната компанија „Жикол“ изминатиот период веќе има купено еден активен каменолом во регионот на Куманово.

Во меѓувреме, во повеќе региони во земјава имаше протести на локални жители поради црпењето на песокот од реките во близина на нивните села Иако изминатиот период имаше чести протести и блокади на локални жители од руралните средини, за очекување е да се засили динамиката на експлоатирање на градежни суровини од реките. Видливи се и поголемите ископи од рудниците, односно од каменоломите, во подножјата на планините, каде помасовно се експлоатираат минерални суровини.

Покрај „офанзивата“ со регионалните и магистралните патишта, се очекуваат и локални градежни проекти, особено со најавата на Владата дека 250 милиони евра ќе се распределат за општините. Во државниот буџет за 2024 има и околу 8 милиони евра за изградба на клучката на булеварот Хасан Приштина (Качанички пат) во Скопје, но тие пари ги бара и градоначалничката Данела Арсовска за бесплатен студентски превоз од ЈСП.

Од друга страна гласни се и екоактивистите кои аргументираат дека со ваквиот тренд да експлоатација се деградира животната средина и здравјето на луѓето.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

Фактор анализа КОЧАНИ – ВИНИЦА 2024: Виница прави најголем алаш-вериш во Источна Македонија! Кои се најголемите во Виница и Кочани?

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

„СО МАКЕДОНСКА ПЛАТА, МОЖЕЛО ДА СЕ КУПИ ПРОСЕЧНО 4 ПАТИ ПОМАЛКУ ГАС ОТКОЛКУ СО УНГАРСКАТА“: Професорот Трајковски потсетува на неуспехот како држава

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ПРАВИЛОТО „78 ОТСТО“ И ВО ЕСМ? Платата на директорите и до 2.500 евра

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

ГОТОВО Е, ОТПУШТААТ 7.000 РАБОТНИЦИ: Еве кој гигант одлучи да испрати работници дома

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

Бизнисменот Назиф Дестани излегол од „Еуромакс Рисорсес“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

ВОРЕН БАФЕТ КОНЕЧНО ОТКРИ ЗОШТО„БЕРКШИР ХАТАВЕЈ“ МУ ЈА ПРЕДАВА НА АБЕЛ: „Кога наполнив 90 години, почнав да стареам“

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

Фактор анализа КУМАНОВО 2024: Кои се најголемите фирми во Куманово? Три фирми, едно семејство за профит од 10,2 милиони евра!

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид

„Гранит“ ангажирал 30 Индијци за работа на автопатот Кичево - Охрид