05 Мај, 2024
0.0300

Зошто „Гранит“ вложи 7 милиони евра во акции на „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Врвен приоритет на „Гранит“ стана купување акции во „Комерцијална банка„ и за тоа да плати 7 милиони евра! Секоја акција е купена на цена од 3.750 денари што е значајно високо пазарно ценовно ниво за таа акција. Ги праша ли некој стотиците мали акционери во „Гранит“ – домашни физички лица дали сакаат тие 7 милиони евра да им ги поделат: 1. како дивиденда; 2. да ги вложат во акции; 3.со нив да купат нова градежна опрема? Дали вакви гестови создаваат сива зона за злоупотреби на корпоративни пари за зачувување на лични и персонални интереси на најголемите риби во македонската бизнис елита ???

Најголемата домашна градежна компанија „Гранит“ купи 113.700 акции со право на глас во најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“, објавија двете компании на Македонската берза за хартии од вредност. Во акции на една од најголемите банки „Гранит“ вложи 426,4 милиони денари односно 7 милиони евра. По кој основ врвен приоритет на „Гранит“ е да вложи 7 милиони евра кеш во 4,99 отсто од акциите на оваа банка?„Фактор“ побара официјално објаснување од „Гранит“ и доколку добиеме одговор на прашањата ќе ги објавиме во целост.

„Гранит“ за неколку промили купи помалку од 5 отсто од акциите во големата македонска банка и со тоа ја избегна обврскатакоја ја имаат акционерите кои поседуваат 5 отсто акции во банка за што треба да добијат одобрение од централната банка. Информацијата за купување акции во „Комерцијалната банка“ изненади многумина акционери. „Гранит“ кој е голем клиент на „Комерцијална банка“ ги плати акциите по цена од 3.750 денари за акција и е купувач на акции кои ги продаде шведски инвестициски фонд кој поседуваше повеќе од 13 отсто од акциите со право на глас во таа банка. Шведскиот фонд ги продаде сите свои акции со право на глас во таа банка. Најмногу акции купи токму „Гранит“, а освен оваа  градежна компанија акции во „Комерцијална банка“ во оваа купопродажба како купувачи учествуваа уште три други домашни компании: градежната компанија „Адора Инженеринг“, ИГМ Трејд компанијата на Илија Гечев од Кавадарци и сервисната компанија „Индустри Сервисес“ од Скопје. Суштинската разлика меѓу „Гранит“ и трите други компании е во структурата на нивната сопственост. Имено трите други фирми се со силна концентрација на сопственост зашто имаат по еден или неколку сопственици. „Гранит“ за ралика од нив има повеќе стотини сопственици (физички и правни лица). Што ќе одбереа тие? Да купи менаџментот акции во „Комерцијална банка“ за 7 милиони евра, да им ги подели во дивиденда или да ги инвестира во дејноста?

Веројатно ова прашање на претстојното акционерско собрание на „Гранит“ ќе го постави некој од неговите акционери...

Ова се фактите за големиот пазар со акции на „Комерцијална банка“

Од вкупно продадените 298.003 акции со право на глас „Гранит“ купил најмногу акции односно 113.700 акции. Другите 184.303 акции со право на глас ги поделиле меѓусебно горенаведените три компании. „Гранит“ купил 38 отсто од сите акции што биле продадени. Вкупниот износ на средства што овие четири друштва го платија за акциите е 1,12 милијарди денари односно 18,1 милиони евра. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години