28 Март, 2024
0.0370

ЗОШТО ГТЦ И ЛАНИ ОТИДЕ ВО „ДЕБЕЛ“ МИНУС - некогашниот симбол на модерно Скопје со загуба од 646 илјади евра

Објавено во: Економија 24 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Некогашниот симбол на скопското модерно живеење, Градскиот трговски центар, засега никако да почне да работи профитабилно.

Компанијата преку Берзата ги објави финансиските извештаи за своето работење за 2022 година, кои говорат дека не може да се зборува за подобрување на бројките на ова акционерско друштво. Билансот на успех покажува дека ГТЦ и лани работел со загуба, и тоа зголемена за 11 проценти во однос на претходната година. Имено, минатата година Градскиот трговски центар остварил „минус“ од 646 илјади евра, што е за 11 проценти повеќе од загубата прикажана во 2021 година, која била 581 илјади евра.

Што е причината за загубата на ГТЦ? Компанијата едноставно прави поголеми расходи во однос на приходите, па тоа го прави негативниот финансиски резултат.

Билансот на успех говори дека лани Градскиот трговски центар успеал да оствари оперативни приходи од 3,7 милиони евра, што е за два отсто повеќе од претходната 2021 година.

Притоа, најголем дел од приходите се приходи од продажба на домашниот пазар, практично од закупнините што ги наплатува ГТЦ од корисниците на деловните објекти што ги издава. Односно, лани ова акционерско друштво остварило приходи од продажба на домашниот пазар од 3,69 милиони евра. Тоа е солиден раст од 9 отсто во однос на претходната година.

Но затоа пак има пад кај останатите оперативни приходи, кои инаку не се голема и битна ставка, но кај нив намалувањето изнесува 86 проценти.

Кога станува збор за расходната страна, компанијата лани остварила оперативни расходи од 4,42 милиони евра, што е пораст од 3 отсто во однос на претходната година. Притоа, кај набавната вредност на продадените материјали и резервни делови трошоците се зголемени за 14 отсто.

Трошоците за вработените, пак, лани останале целосно идентични со оние од 2021 година и тие биле на ниво од 1,68 милиони евра.

Трошоците за амортизација се намалени за 8 отсто, додека, пак, останатите расходи од работењето се згполемени за 5 проценти.

Практично, оперативната загуба на ГТЦ се искачила лани на 689 илјади евра. Финансиските приходи на ГТЦ лани достигнале 88 илјади евра и кај нив има намалување за 14 проценти, а кај финансиските расходи, пак, има згопемување за 14 проценти.

Од компанијата во своето образложение за финансиските резултати велат дека во иднина нивна главна цел е да работат со добивки, а тоа важи и за оваа година.

„Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати  во наредниот период за тековната 2023 година, со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кои располага нашето друштво“, се вели во објавата на Берзата.

Во моментов, како што стои на веб страницата на ГТЦ, извршен директор и извршен член на Одборот на директори е Ѓоко Трајчевски, а во менаџментот влегуваат и Бранко Цветановски, Трајанка Тасевска и Стојан Станиславски.

ГТЦ бил пуштен во официјална употреба на 27 април, далечната 1973 година. Тој се смета за културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот Скопје.

Но, во последниов период, откако беа во главниот град на земјава изградени затворени и модерни шопинг молови, опадна интересот за закупување на дуќаните во Градскиот трговски центар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат