18 Декември, 2025
0.2208

Зошто и дали е потребно ново задолжување со еврообврзница?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2016 08:29

Добивај вести на Viber

Нема одговор од министерството за финансии дали, кога и во колкав износ планира да издаде нова еврообврзница. И покрај молкот од финансии, агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на анонимни извори објави дека  Македонија планира да издаде еврообврзница и дека веќе ги скенирала странските пазари. За издавање на нова еврообрврзница, во ситуација која земјата е во политичка криза економистите посочуваат дека ќе треба да се биде многу внимателен, затоа што тоа може да значи и многу поголеми камати за задолжувањето. Во истоврмеме, најавите за нова еврообврзница стигнуваат, кога и светската кредитна агенција Фич, предупреди дека политичката криза во Македонија може да влијае на кредитнтниот рејтинг на земјата, и дека особено е загрижена за државниот долг, како дел од јавниот долг на земјата. Во изминатите 10 години, нема година а да не е направен најмалку еден ребаланс на буџетот во тековната година. Тоа е пред се поради погрешните проекции врз кој се темелел основниот буџет. Се случувало министерството за финансии да проектира годишен раст од 3-4% на БДП, а годината да ја завршиме во рецесија. И тогаш нема друг излез освен во текот на годината да се изврши ребаланс. Од опозицијата регаираат со став дека власта е должна да објасни за што ќе бидат наменети тие пари од еврообвзрницата, доколку е почната постапка за нејзино издавање. „При издавањето на четвртата еврообврзница Ставрески изјави дека граѓаните и стопанството треба да бидат спокојни, зошто се обезбедени средства за сите потреби во буџетот за цела 2016 година. Доколку отпочнал процедура за издавање на евробврзница претходно треба да објасни за намената на средствата од задолжувањето.  Како тоа пред само 6 месеци изјави дека се обезбедени средства за цела 2016 година, а сега повторно има намера за задолжување на странските пазари. При тоа, во изминатиот период и на домашниот пазар го зголеми нето долгот по основ на државни хартии од вредност, вели Кире Наумов, од СДСМ. Но, исто така се предупредува и дека е потребна особена внимателност при евентуано издавање на нова еврообврзница, и да се имаат во предвид и случувањата околу издавањето на еврообврзницата во Хрватска, каде  хрватската влада мината недела се откажа од задолжување на странските пазари, од причина што поради тамошната политичка криза, беа соочени со фактот дека камата не може да изнесува помалку од 5%. „Во таква ситуација владата во Хрватска одлучи дека во овој момент тоа е скапо задолжување и го одложи издавањето на еврообврзницата, додава Наумов. Годинава Македонија веќе зема една еврообврзница, но наместо со износ од 500 милиони евра колку што правично планираше да бара, сепак поради спротивставувањето на Кире Наумов, кој тогаш во финансии беше на функцијата дополнителен заменик министер, се земаа само 270 милиони евра. Јавниот долг во првиот квартал од годинава изнесува 4,3 милијарди евра што 45,6 отсто од БДП.  Досега Македонија има издадено четири еврообврзници, од три се од ВМРО-ДПМНЕ. Најскапата беше издадена во времето кога министер  за финасии беше Трајко Славевски, и која тогаш беше со камата од скоро 10 %. Инаку, априлските податоци за полнењето на буџетот покажаа огромно потфрлање кај капиталните инвестииции. Во првите четири месеци реализирани се само 68милиони евра, односно 16.7% од предвидените 412 милиони евра за капитални инвестиции. „Кога кај развојната компонента има такво потфрлање, нормално е да не оствари и предвидениот раст. А тоа повлекува ревидирање на сите параметри, односно ребаланс на буџетот, додава Наумов. Од Министерсвото за финансии не одговорија ниту дали веќе се прави ребалансот на буџетот. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа