Зошто инвеститорите гледаат закана во последниот план за „Брегзит“?
Објавено во: Анализа 03 Октомври, 2016 19:48
Британскиот премиер Тереза Меј го објави во неделата планот за понатамошните активности поврзани со излегувањето на земјата од
ЕУ. Таа беше категорична: до крајот на март 2017 Кралството ќе го активира член 50 од Лисабонскиот договор за напуштање на Унијата.
- Гласавме да ја напуштиме Европската унија за да добиеме целосна независност како суверена земја, рече таа за време на презентацијата на планот.
- Не ја напуштаме ЕУ денес за да дадеме повторно контрола врз миграцијата, додаде таа.
Токму овие зборови на Меј станаа денес причина за тревоги меѓу инвеститорите. Ако Британија не обезбеди слободно движење на граѓаните на ЕУ во своите граници, таа ќе го загуби и пристапот до слободниот пазар на Унијата, какви што беа заканите на некои земји-членки.
Пазарите реагираа и фунтата поевтини денес речиси до рекордно ниски нивоа на денот по референдумот. Причина затоа се стравувањата од т.н.. „тврд Брегзит“.
- Изгледа дека Меј ги води работите кон „тврд Брегзит“, нагласувајќи го враќањето на суверенитетот, коментира Холгер Шмидинг, главен економист на „Berenberg Bank“, пред Си-Ен-Ен Мани.
Економијата на земјата се покажа како поиздржлива од очекуваното на примарниот потрес по референдумот, но причина за стабилноста
одигра и финансиската инјекција обезбедена од централната банка во Лондон.
Ако сепак го загуби пристапот до слободниот пазар на ЕУ - најголем во светот, британската економија може да загуби сериозен дел од својот раст.
Финансискиот сектор во главниот град ќе биде ставен под ризик, производителите на автомобили исто прогласија тревога.
Ова денеска го потврди и министерот за финансии Филип Хамонд, кој рече дека британската економија ќе биде онаа која ќе ја плати цената за „Брекзит“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





