Зошто каматата за долгот што го враќаме годинава порасна за пола милијарда денари?
Објавено во: Финансии 20 Февруари, 2018 07:18
Колкава може да биде развојната компонента на државниот буџет кога расходите за сервисирање на долгот годинава се само за нијанса помали од од сите капитални расходи? Одиме ли во посакуваниот правец или се наоѓаме во маѓепсан круг?
Годинава ќе платиме 22,6 милијарди денари за сервисирање на надворешниот и на внатрешниот долг. Истовремено со тоа за капитални расходи (училишта, патишта, болници, детски градинки и други проекти од општествен интерес) е планирано годинава да се потрошат 24,1 милијарди денари, покажуваат официјалните податоци од Граѓанскиот буџет за 2018 година документ што е достапен на следниот линк.
На 1,5 денар главница ќе плаќаме денар камата
Годинава за сервисирање на кредитите ќе платиме 22,6 милијарди денари. Од тие пари планирано е главницата да биде 13,9 милијарди денари и 8,7 милијарди денари ќе бидат камати на долгот. Соодносот меѓу главницата и каматата е 1,59 денари главница наспрема 1 денар камата. Каматите се осма по обем ставка во тековните расходи на буџетот. Во споредба со 2017 година оваа година за камати на долгот ќе платиме половина милијарда денари повеќе! Лани за камати на долгот што се серивисирал биле платени 8,2 милијарди денари.
Што ќе финансираме од капитални проекти?
Најмногу пари се планира да се вложат во проекти од областа на комунална инфраструктура (водовод, канализација, пречистителни станици и гасовод) и тоа е во износ од 5,9 милијарди денари. За патишта и за железница проекцијата е 3,6 милијарди денари и таа е втора ставка по големина. За земјоделство и рурален развој се планирани 2,6 милијарди денари, а за образование, спорт и детска заштита 1,9 милијарди денари. За инвестиции во унапредување на одбрана, заштита, спасување, безбедност и јавен ред и мир се планирани 1,8 милијарди денари, за инвестиции во техонолошките развојни зони се планирани 0,4 милијарди денари, а за останати капитални инвестиции уште 4,3 милијарди денари.
Христијан Станоевиќ* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





