29 Април, 2024
0.0268

Зошто Луксембург е најдобра земја за живеење?

Објавено во: Стил 07 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Малата европска држава Луксембург, сместена меѓу Франција, Германија и Белгија, е позната првенствено со даночни олеснувања за бизнисите и висок стандард на живот, но може да понуди и уште многу предности.

Целата површина на државата е 998 квадратни милји, имала малку над 562 илјади жители кон јануари 2015 година.

Освен тоа е на 9-то место меѓу најмалку корумпираните држави во светот, според Транспаренси интернешнл.

До 2013 година на чело на земјата 19 години по ред е лидерот на Христијанската социјална народна партија Жан-Клод Јункер, сега претседател на Европската комисија.

Последното во светот Велико Војводство Луксембург е место како никое друго на светот.

Ова се барем 12 причини кои докажуваат зошто оваа земја е најдоброто место за живеење:

1. Локација, локација, локација

luksemburg3

Се наоѓа во срцето на Западна Европа. Брисел е на 3 часа со воз, Париз - само на два со воз и еден час со авион, Берлин - на 2 часа со авион. Во некои денови има по 9 летови дневно до Лондон. И ако цените на авионските билети од локалниот аеродром Финдел се доста солени, во близина има неколку аеродроми каде се приземјуваат авиокомпании со ниска цена .

2. Замоци насекаде Земјата ја добива независноста во 1839 година, а првите историски податоци се од 963 година. Во тоа време започнува фортификацијата. Земјата е полна со замоци, повеќето се во северниот дел, а трите најголеми се во Vianden Clervaux и Bourscheid.

luksemburg4

3. Градот е неспоредлив Главниот град е пример за хармонија меѓу старото и новото, како во однос на природата, така и на создаденото од човечка рака. Еден дел на градот е полн со средновековни згради и остатоци, средината е долина, а во другиот дел е финансискиот центар - Kirchberg, дом на облакодери и големи булевари.

4. Разновидноста на култури

luksemburg5

Речиси 46% од населението, кое брои 562 958 лица, се странци. Така Луксембург е дом на бројни култури, иако има мала површина. Меѓу странците тука доминираат Португалците (16% о населението), следат Французите и Италијанците. Повеќето од останатите странци исто се Европејци.

5. Мултијазичност

luksemburg6

Повеќето жители на Луксембург зборуваат неколку јазици -луксембургски, германски, француски, англиски. А во училиштата се учат сите. Значи ако зборувате дури еден од наведените, нема да имате никакви проблеми со комуникацијата тука. А локалните ќе го ценат муног, ако вложите напори да го научите нивниот јазик, бидејќи тој се зборува од само 300 000 луѓе. Трите официјални јазици во земјата се Луксембуршки, француски и германски. Португалскиот е исто така повеќе широко распространет.

6. Вкусна храна Културата на Луксембург обрнува сериозно внимание на храната и пијалоците, а во главниот град се наоѓаат најмногу во светот ресторани по глава на жител со ѕвезди Мишелин. На сликата е торта од сливи, нарекувана Quetschentaart.

luksemburg7

7. Пиво и вино И откако споменавме храна, не може да не стане збор и за пијалаци. А тука почитот оди кај пиво и вино. Без да се бројат мини пиварниците во земјата се произведуваат 5 видови пиво - Mousel, Battin, Diekirch, Bofferding и Simon, кои се многу популарни. Произведуваат и доста вино. А во замокот Бофор, во североисточниот дел на земјата, се произведува ликер од боровинки, кој луѓето од Луксембург многу го негуваат.

luksemburg8

8. Бензин, цигари и алкохол се многу поевтини И тоа се должи на пониските акцизи. Што е и причината зошто многу Европејци доаѓаат да купуваат тука. Пушењето на јавни места, сепак, е забрането од 2014 година.

9. Европски центар

luksemburg9

Иако е мала земја, Луксембург е еден од центрите на ЕУ, заедно со Брисел и Стразбур. Тука се наоѓаат важни институции на Унијата како Европски суд, Европскиот суд на ревизори (на фотографијата), Секретаријатот на Европскиот парламент, Европската инвестициска банка, Европскиот инвестициски фонд и Европскиот механизам за стабилност.

10. Високи приходи

luksemburg10

Луксембург е втората најбогата држава во светот, судејќи по БДП по глава на жител - во просек годишно 79 593,91 долари. И е една од земјите во Европа со највисоки примања. Ова ја објаснува и високата бројка на луѓе кои работат тука, а живеат во соседните земји и патуваат секој ден до работното место. Во 2013 година тоа се над 160 000 луѓе.

11. Добри услови за бизнис

luksemburg11

Иако е мала, земјата е дом на бројни компании. Тука се централите на ArcelorMittal, Cargolux, RTL Group. Во финансискиот сектор некои од најголемите компании се Banque et Caisse d'Épargne de l'État, сметана за 9-та најмногу сигурна банка во светот, KBL European Private Bankers и Kulczyk Investments. И други големи компании се одлучија во Луксембург за бизнис, бидејќи нуди голем број на даночни олеснувања.

12. Прекрасна природа

luksemburg

И ако сè друго досега не ве убеди во предностите на Луксембург, еве и уште едно, многу важно - има многу убава природа. Неслучајно огромна област од земјата е нарекувана "малата Швајцарија".

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти