Зошто малата Виница е економско чудо и кој таму е толку голем што може да му парира и на „Лукоил“?
Објавено во: Економија, Анализа 22 Мај, 2023 12:03
Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра
Не, овде не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничката афера“ и античките теракоти.
Виница е мала по население, но општина во која работат економски џинови! Ако се види табелата подолу и приходите во 2022 година на неколку винички компании кои „жарат и палат“, на питомата и мала Виница можат да и позавидат и многу поголеми градови.
Виница има повеќе компании, но шест од нив се доминантни во општинската економија. Тие компании лани заедно направиле кумулативен приход од 227 милиони евра. Општина Виница, по пописот од 2021 година има нешто над 14.000 жители, но реално, таму не живеат повеќе од 12.000 постојано жители. Значаен дел од нив се работно ангажирани во „Макпрогрес“, поранешен „Тондах“ и сегашен „Виенербергер“, „Мебел Ви“ и сега најактуелниот Дади Оил.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




