20 Декември, 2025
0.0780

Зошто ММФ не предложи трета опција за решавање на грчката криза?

Објавено во: Балкан 16 Август, 2015 09:27

Добивај вести на Viber

Демократијата се состои во тоа да имаш вистински избор. Поради кризата во нивната земја, сепак грчкиот народ е лишен токму од избор, пишува Арвинд Субраманиjaн, виш економски советник во Министерството за финансии на Индија, за онлајн изданието project-syndicate.org.

За ова одговорност носи не само Европа, но и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), наведува Субраманиjaн во својот коментар.

На Грција и беше предложено да избира помеѓу тоа да ја напушти еврозоната без финансирање или да остане во монетарната унија и да добиe средства со цената на понатамошнo штедење. Сепак, никој не и предложил на земјата трета опција - да ја напушти еврозоната и пак да добие великодушно финансирање.

Според Субраманијан оваа опција исто така требало да се дискутира на преговарачка маса, иако земјата има повеќе политички причини да остане во рамките на еврозоната. Иако евентуално излегување од монетарната унија би предизвикало значајни придобивки, "Grexit" би довел и до значителни трошоци, коментира економистот.

Меѓу придобивките тој го истакнува силното обезвреднување на националната валута, која би ја закрепнала динамиката на некогашната брзо растечка економија.

Трошоците сепак би биле ужасни за земјата. Владата би требало да прогласи банкрот, банките - да пропаднат, а Атина требаше да се бори со години да ја врати довербата на финансиските пазари. Како резултат каматните стапки на долгот би останале високи, што исто така би било пречка за обновување на растот.

Чудно ли е тогаш што грчката влада се собира од ужас и избра "безбедна" варијанта на мерките за штедење коментира економистот.

Оваа опција сепак можеби не е безбедна за сите. Атина сега може да се надева дека во некоја далечна иднина "внатрешната девалвација" - намалување на платите и цените, ќе помогне во реконструкцијата.

Само ММФ би можел да понуди повеќе уреден излез, ако беше разговарано за оваа трета опција, наведува Субраманијан. На Грција најверојатно и било објаснето како би можела да се искористи предностите на девалвацијата, додека меѓународната заедница дејствува за да се минимизираат трошоците кои произлегуваат од напуштањето на еврозоната. Условите за „Grexit“ освен тоа сигурно би вклучиле и опција за намалување на долговите на Грција, како и стратегија за рекапитализација на банкарскиот систем, за да се минимизираат несигурноста и интерференцијата.

Поради значителните трошоци ММФ има можност да и предложи на земјата великодушно финансирање за, да речеме, двегодишен период при транзицијата кон нова валута. Тоа требаше да ја зголеми изложеноста на ММФ кон Грција, но би бил и корисен компромис, бидејќи требаше да послужи за стратегија која би требало да има многу подобри шанси за успех, посочува експертот.

Дали сепак постои стратегија која би можела да доведе до обновување на економијата? На крајот, според кое и да е сценарио, Грција ќе мора да постигне примарен суфицит и да оствари структурни реформи за трансформација на економијата. Многумина веруваат дека тоа нема да се случи, бидејќи Грција едноставно одбива да се промени.

А сепак во последните неколку години неколку последователни влади започнаа доста радикални мерки за зајакнување на фискалната позиција на Грција. Скептиците го игнорираат и фактот дека стимулациите за вршење на структурни реформи се делумно ендогени. На крајот на краиштата без девалвација и перспективи за намалување на долгот реформите би го олесниле проблемот само во краток рок.

Причината поради која оваа опција - за напуштање на еврозоната и финансирање, така и не беше предложена на Атина, изгледа јасна. Европските кредитори на Грција беа категорично против идејата, но не е јасно колку од ММФ се стави товар на оваа идеја.

Ако се вратиме на 2010 година, кредиторите беа загрижени од должничката криза во Грција да не се шири и во другите земји од еврозоната. Ако тогаш земјата ја напуштеше монетарната унија, таа требаше да е ставена под закана, бидејќи инвеститорите се случува да се прашуваат дали и другите силно задолжените земји од еврозоната не би ја следеле Грција.

Овој ризик сепак е уште еден аргумент во корист на обезбедувањето на опција за напуштање. Има, меѓутоа, нешто друго што е длабоко непривлечно. Неодамна стана јасно дека доверителите на Атина се загрижени за финансиските трошоци на владите на земјите кои ја финансирале земјата. Латинска Америка во 80-тите години, сепак покажа дека доверителите имаат подобра шанса да ги компенсираат парите кога долговите им растат.

Со еден збор, ММФ мораше да инсистира за оваа трета опција. Тоа ќе беше своевиден слив, бидејќи требаше да сигнализира дека Фондот нема да се управувано од покорноста пред лошите политики на неговите моќни членови и да се поклонува пред статус кво.

Не е се изгубено. Ако оваа стратегија не успеа, третата опција - помагање на Грција за излез од еврозоната, останува на располагање. ММФ треба да планира, за да му даде на грчкиот народ избор за во иднина.

Во меѓувреме директорот на ММФ Кристин Лагард го потврди ставот на Фондот дека грчкиот долг треба да биде намален. Таа го поздрави одобрувањето на договорот за третата спасувачка програма од Еврогрупата, но предупреди дека грчкиот долг е неодржлив. "Грција не може да се врати кон одржливи нивоа на долгот со сопствени сили", коментира Лагард, цитирана од светските агенции.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација