05 Декември, 2025
0.0282

Зошто нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air ги откажа плановите за котација на Лондонската берза?

Објавено во: Анализа 17 Јуни, 2014 08:01

Добивај вести на Viber

Унгарската нискотарифна авиокомпанија Wizz Air ги откажа плановите да лансира свои акции на берзата во Лондон. Причините за ваквиот чекор засега се објаснуваат со „пазарната нестабилност во секторот на воздушниот транспорт". Наглите пазарни движења во последните две недели доведоа до намалувања на капитализација на конкурентните компании Ryanair, EasyJet и Norweigan Air Shuttle. Индексот FTSE Mid-250, дел од кој требаше да биде авиокомпанијата, исто така, падна во наведениот период. Иако одби да биде на котација на Лондонската берза Wizz Air посочи дека изгледите пред активностите на компанијата "остануваат позитивни". Унгарската компанија планираше котација во вредност од 200 милиони евра, собрани средства за зајакнување на балансот и експанзијата. Независно од тоа во Wizz Air се оптимисти за иднината. "Перспективите за бизнисот на Wizz Air остануваат исклучително позитивни и не се под влијание на одлуката да не се пристапи кон IPO. Одборот ќе продолжи да се фокусира на спроведувањето на својата стратегија за стимулирање на растот и цената", изјавија од компанијата. Авиопревозниците имаа тешки моменти на пазарите во последниве недели. Акциите на Lufthansa на пример поевтинија со повеќе од 14% по сигналите за пад на добивката од минатата недела. Капитализацијата на EasyJet се раскина со околу 9% од 2 јуни до крајот на минатата недела, додека кај Ryanair падот достигна околу 5% за истиот период од време. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени