Зошто песните на Аdele и Arctic Monkeys наскоро може да исчезнат од YouTube?
Објавено во: Анализа 25 Јуни, 2014 09:09
YouTube е во процес на создавање на платена претплата услуга, која ќе работи заедно со веќе постоечките нејзините услуги. Во врска со тоа гигантот во областа на онлајн видеото води преговори со повеќе изведувачи.
Идејата звучи како добра работа за музичката индустрија, бидејќи издавачките компании ќе направат повеќе пари, кога фановите ги слушаат нивни песни во платени услуги, но заработуваат и во случаите кога обожавателите го користат YouTube како бесплатен музички плеер, пишува BusinessWeek.
Во поголемиот дел издавачките компании го одобруваат планот. YouTube тврди дека 95% од музичките изведувачи имаат потпишано договори со неа.
Но битката за последните 5% се претвора во нешто навистина непријатно. Голем број независни етикети не сакаат да се здружат со YouTube, бидејќи не ги одобруваат условите кои компанијата им ги предлага. Затоа песните кои не се опфатени во новата стриминг услуга, наскоро ќе бидат целосно отстранети од YouTube.
Видеа направени од корисниците, но и корпорирање на овие песни, ќе останат достапни на сајтот, но изведувачите нема да заработуваат пари од нив.
Ако не се дојде до решение на проблемот, системот Content ID на Google ќе престане со распознавањето на спорните песни. Така видео услугата ќе се врати назад во деновите во кои музичарите се жалеа дека интернет платформата ја искористи содржината, за што тие поседуваат авторските права.
Трговските организации кои претставуваат независни дискографски компании во САД и Европа, побараа владина интервенција во случајот.
YouTube "се обидува да наметне договорни клаузули врз независниот сектор", пишува Рич Бенглоф, претседател на Американската асоцијација за независна музика во писмо до ФТЦ.
Критичарите пак на отстранувањето на содржина од YouTube гледаат како на злоупотреба на пазарната моќ. Според нив дефинитивно има сличност со активностите на Amazon, која укина содржина на Hachette Book Group и Warner Home Video за време бизнис спорови.
Google ова го нарекува проблем со употребливоста.Услугата за претплата на YouTube ќе биде интегрирана во постоечката бесплатна услуга која им овозможува на луѓето кои гледаат видео да имаат пристап до различни функции директно од страната. Ако една песна, која не е вклучена во услугата, се пушти, овие функции нема да работат.
На прв поглед има и други решенија за овој проблем. YouTube може целосно да ги елиминираат дополнителните функции за нецензурираните песни, но тоа не е патот кој Googlе го избра.
Компанијата тврди дека тоа ќе е добра зделка за музичката индустрија.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





