Добивај вести на Viber
Од создавањето на виртуелната валута биткоин во 2009 година криминалците веќе може да имаат стекнато биткоини во вредност до 500 милиони долари, а оваа сума може да се удвои, ако се покаже дека тие го празнат Mt. Gox, пишува Ројтерс.
Според експерти за безбедност интернет, криминалците се привлечени од биткоините поради космичкото поскапување, како и поради тоа што е полесно да бидат украдени за разлика од вистинските пари, а и затоа што е полесно да се тргува со нив со други криминални елементи. Но, дополнуваат експертите, биткоинот ќе преживее.
"Ова се само болки на растот како кај децата", коментира Кит Џарвис, истражувач на безбедносниот сектор во Dell SecureWorks. "Биткоинот е доволно голем и сврте доволно динамика, за да ги надживее сите штети кои може да му ги нанесе случајот Mt. Gox или нешто друго ".
Најголемата криза на биткоинот
Неуспехот на Mt Gox - со седиште во Токио, берза за виртуелна валута, која банкротираше минатиот месец, откако објави дека изгубила околу 850 илјади биткоини поради хакерски напади, е дефинитивно најголемата криза во историјата на валутата.
Собраните од Ројтерс податоци сепак од специјализирани сајтови и интернет форуми покажуваат дека над 730 илјади биткоини биле исчезнати поради кражба, хакерски напад, плаќање на сајбер откупи и други криминални активности уште пред падот на Mt. Gox. Тоа е скоро 6% од сите биткоини, иако не се вклучени десетици, а можеби и стотици случаи на изгубени биткоини од приватни компјутери или од онлајн размена поради хакерски напади, за кои корисниците не се изјасниле.
Сигурно е дека нема како да се разбере кај кого се исчезнатите биткоини или дали биле разменувани за вистински пари, кога цената беше значително пониска. Покрај тоа, некои биткоини може да биле преброени двапати во овие истраги, ако крадци ги украле од други крадци или ако биле вратени во оптек и украдени повторно.
Мета на компјутерските криминалци
Нема сомнение дека, сепак, виртуелната валута го привлекува вниманието на компјутерските криминалци - како валута и како предност, кој заслужува да биде украден.
Студија на Пат Литке и Џо Стјуарт од Dell SecureWorks открива дека со зголемувањето на цената на биткоин над 1000 долари минатата година е зголемен и бројот на компјутерските вируси, со цел да украдат биткоини од паричници . Од 140-те типа таков софтвер над 100 се појавиле минатата година.
Програмирањето на слични вируси е лесно, вели Стјуарт. "Нема поголема комплексност во складирањето на биткоини во портфолија. А што се однесува до малициозен код, тој е меѓу најлесните за создавање ".
Криминалците ја користат и практичноста дека со биткоините може да се тргува без учество на трети земји –пример банка или услуга за онлајн плаќања како PayPal - и ги користат како еден од начините да се на плаќање меѓусебно.
Треба да се земе предвид сепак транспарентноста на биткоините . Сите трансакции се видливи и макар и да се само бројки и букви, во теорија може да се контактира со конкретен човек и да се трага целата историја на трансакциите со биткоин .
Овој факт би требало да послужи како црвено знаме за криминалците, макар и да има онлајн услуги за " перење " на биткоини кои го кријат нивното потекло, коментира Даниел Коен од RSA , Единицата за безбедност на EMC Corp . " Се разбира, постојат услуги за перење биткоини , но и покрај тоа , ако се врзе едено портфолио со даден идентитет , можам да го видам секое едно движење " , објаснува тој .
Сепак ироничен е фактот дека успехот на некои криминалци при кражбата на биткоини ја направи виртуелната валута помалку привлечна за подземјето. Според набљудувањата на форуми, криминалците во последно време го доживуваат биткоинот како валута која може да се конфискува, но и поради последните кражби го доживуваат како несигурен".
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: